Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни пазарни инструменти на монетарната политика, преку кои НБРМ врши продажба и купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни средства на банките. Зголемувањето на каматната стапка кај овие операции упатува на порестриктивна монетарна политика и обратно, намалувањето на каматната стапка овозможува релаксирање на монетарните движења.

Структурната позиција на банкарскиот систем во однос на централната банка придонесе повлекувањето ликвидни средства од банкарскиот систем коешто НБРМ го остварува преку емисија на хартии од вредност (благајнички записи) да доминира подолго време. Од друга страна, заради задоволување на краткорочниот ликвидносен недостиг во банкарскиот систем, НБРМ спроведува репо-операции за обезбедување ликвидност. Дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на секундарниот пазар се помалку застапени.

Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите на ликвидноста коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на ликвидност во вкупниот банкарски систем, НБРМ може да применува (вонредни) операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат значајни флуктуации на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и каматните стапки на пазарите на пари.

Операциите на отворениот пазар ги опфаќаат следниве инструменти: