Надворешниот долг на една економија ги претставува тековните обврски помеѓу резиденти и нерезиденти врз основа на должнички инструменти, на одреден датум. Статистичкото истражување на надворешниот долг опфаќа стандардни извештаи за бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања.

Најчесто користен показател за надворешниот долг е бруто надворешниот долг, кој во даден момент е еднаков на износот на тековните и безусловни обврски коишто бараат плаќања на главнина и/или камата од страна на должникот во некое идно време и коишто се должат кон нерезиденти од страна на резидентите на една економија.
 
Статистиката за надворешниот долг исто така вклучува индикатори за нето надворешен долг т.е. разлика помеѓу состојбата на бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања. Нето надворешниот долг, во својата структура е идентичен со бруто надворешниот долг и побарувања, при што стандардниот приказ на сите категории е поделба по институционални сектори, рочност и видови должнички инструменти. 



Најнови остварувања:


На крајот на третиот квартал од 2019 година, бруто надворешниот долг изнесува 8.575 милиони евра (77,1% од БДП) и бележи квартално зголемување од 241 милион евра, додека бруто надворешните побарувања се зголемија за 230 милиони евра и изнесуваат 5.907 милиони евра (53,1% од БДП).
Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 11 милиони евра. Така, на крајот на третиот квартал од 2019 година тој изнесува 2.668 милиони евра, односно 24% од БДП. Зголемувањето на нето надворешниот долг во третиот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нето-долг (за 198 милиони евра), во услови на намалување на јавниот нето-долг (за 187 милиони евра). Прочитај повеќе... 


 







 


Архива на надворешен долг 

    

За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)