Меѓународната инвестициска позиција (МИП) ги прикажува состојбите и структурата на надворешните финансиски средства и обврски кон нерезиденти врз основа на финансиски инструменти, на определен датум. 

Нето меѓународната инвестициска позиција се дефинира како разлика помеѓу вкупните меѓународни финансиски средства и обврски. Притоа, негативната нето меѓународна инвестициска позиција значи дека финансиските обврски ги надминуваат финансиските побарувања од нерезидентите.



Најнови остварувања:


Негативната нето меѓународна инвестициска позиција, на крајот на јуни 2020 година, изнесува 6.719 милиони евра, или 61,5% од проектираниот БДП за 2020 година. На квартална основа, негативната МИП бележи зголемување за 25 милиони евра коешто произлегува од посилното зголемување на обврските, во споредба со зголемувањето на средствата.

Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на должнички инструменти бележат зголемување за 39 милиони евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се намалени за 14 милиони евра. Прочитај повеќе...     








 


Архива на меѓународна инвестициска позиција   



За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)