Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.



Најнови остварувања:

Во текот на првиот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 137,3 милиони евра, како резултат на зголемување на нето-приливите кај сите компоненти, и тоа: реинвестирање на добивката за 86,3 милиони евра, меѓукомпаниски долг за 30,5 милиони евра и сопственички капитал за 20,5 милиони евра. 














За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)