Согласно Законот за Народната банка на Република Македонија и Законот за банките, Народна банка на Република Македонија е единствената супервизорска агенција надлежна за лиценцирање  на банките и штедилниците во Република Македонија, како и за вршење супервизија на нивното работење.

Основна цел на Народна банка на Република Македонија при извршувањето на супервизорската функција е одржување на сигурен и стабилен банкарски систем и заштита на интересите на штедачите и другите кредитори кои имаат вложено сопствени средства во банките. Во извршувањето на својата  супервизорска функција, Народна банка на Република Македонија применува низа супервизорски стандарди кои базираат на меѓународните станадарди и практики, воспоставени од страна на Базелскиот комитет за банкарска супервизија.

Контакт (e-mail) за прашања поврзани со банкарската супервизија и регулатива на НБРМ: supervizija@nbrm.mk