Платниот биланс ги евидентира сите економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти во одреден временски период и ги отсликува сложените економски врски на земјата со остатокот од светот. Платниот биланс се состои од тековна сметка (стоки, услуги, примарен и секундарен доход), капиталнa и финансиска сметка.



Најнови остварувања:

Во првиот квартал од 2020 година во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 157 милиони евра, при остварен дефицит во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход.

          Кај финансиските трансакции со нерезиденти остварени се нето-приливи во износ од 172,7 милион евра, од кои позначајни се нето-приливите остварени кај директните инвестиции за 132,7 милиони евра. Прочитај повеќе ... 











 


 


Архива на платен биланс  


За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)