Изјава за приватност

Народната банка ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на Законот за заштита на личните податоци и подзаконската регулатива. На веб-страницата на Народната банка се објавуваат фотографии само со согласност од субјектот на личните податоци. Оваа изјава за приватност е со цел да Ве информира за видот на информациите коишто Народната банка ги прибира преку својата веб-страница и за што се користат овие информации.

Податоци за посетителите

Веб-серверот на Народната банка ги меморира информациите за сесијата како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, ИП-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе ѝ овозможат на Народната банка да ја подобри својата веб-страница.

Колачиња (Cookies)

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер.
Колачињата не зачувуваат какви било лични податоци, како што се Вашето име или адреса. 
Можете да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата или да Ве предупреди секогаш кога колачињата ќе се пратат. Доколку ја одберете таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Категории Колачиња
Google
Google Analytics прибира информации со кои ни овозможува да ги разбереме интеракциите со нашата веб страна за во крајна линија да го рафинираме тоа искуство за да обезбедиме подобри услуги.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница, се сложувате со одредбите од Политиката за приватност на Народната банка. Доколку не се сложувате, Ве молиме не користете ја веб-страницата на Народната банка.