Спроведување на монетарната политика

Заради остварување на ценовната стабилност, како примарна цел на монетарната политика, НБРМ располага со различни инструменти за монетарно регулирање.

Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на монетарната политика постои сложена и индиректна поврзаност со временско задоцнување, НБРМ го следи движењето на одредени економски варијабли - оперативни и посредни цели. Оперативните цели полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел, додека посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната цел. Преку управувањето со нивото на каматните стапки, а со тоа и нивото на ликвидните средства во банкарскиот систем, како оперативна цел, НБРМ настојува да влијае врз нивото на девизниот курс, како посредна цел на монетарната политика.


Од инструментите на НБРМ, најфлексибилни се операциите на отворениот пазар, коишто зависно од ликвидносната состојба во вкупниот банкарски систем, можат да се спроведуваат преку емисија на хартии од вредност на НБРМ - аукции на благајнички записи, или преку купување или продажба на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа. Стандарден инструмент претставува задолжителната резерва преку која НБРМ директно влијае врз понудата на пари и кредити. За надминување на краткорочниот ликвидносен недостиг кај банките на крајот на денот, НБРМ одобрува расположлив кредит преку ноќ. Во услови на краткорочен вишок на ликвидност, банките можат да пласираат средства кај НБРМ во расположливи депозити преку ноќ и на седум дена.

Инструменти на монетарната политика:

Ликвидносна состојба на банкарскиот систем