Основната функција на овој кредит е надминување на ликвидносните нерамнотежи кај банките коишто настануваат како резултат на поголеми одливи во однос на приливите во текот на денот. На тој начин, овој инструмент овозможува непречено реализирање на платните трансакции во текот на денот и го подобрува ликвидносното управување на банките. НБРМ не наплаќа камата на интрадневниот кредит. Кредитот им стои на располагање на банките секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-трансакција, при што постои можност за претворање на интрадневниот кредит во расположлив кредит преку ноќ на крај на денот. Интрадневниот кредит се одобрува согласно со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за спроведување на монетарни операции.


Одлука за интрадневен кредит