Известување

Ве известуваме дека на 17. сесија на Клубот на истражувачи што ќе се одржи на 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • Оценка на влијанието на фискалната политика врз тековната сметка - хипотезата за двоен дефицит во случајот на македонската економија, автори: Весна Стојчевска и Мите Митески; и
  • Оценка на преносните ефекти од надворешните шокови врз одржливоста на надворешниот и јавниот долг на Република Македонија, автори: Даница Уневска-Андонова и Дијана Јаневска-Стефанова. 

Ве молиме Вашето присуство на 17. сесија на Клубот на истражувачи да го потврдите најдоцна до 10 јуни 2015 година на тел. +389 2 3298110; и електронска пошта kontakt@kapital.com.mk.  

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи