Основната функција на инструментот е управување со вишокот на ликвидност кај поединечните банки и/или во банкарскиот систем на краток рок, при што банките можат да пласираат средства во расположливи депозити кај Народната банка на сопствена иницијатива. Расположливите депозити се со рочност преку ноќ и на седум дена. Каматната стапка на расположливите депозити преку ноќ претставува долна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари и изнесува 0,15%. Банките можат да пласираат средства во расположливи депозити преку ноќ кај Народната банка секој работен ден. Каматната стапка на расположливите депозити на седум дена изнесува 0,30%, а банките можат да пласираат средства кај Народната банка еднаш неделно, во среда.

 Каматна стапка на расположливите депозити - историски податоци