Целта на ефективните девизни курсеви е да обезбедат значајни и споредливи мерки на ценовната и трошковната конкурентност помеѓу земјите. Ефективните девизни курсеви претставуваат геометриски пондерирани просеци од билатералните девизни курсеви на валутата на одредена земја со валутите на најголемите трговски партнери на земјата. Со коригирање за релативните движења на националните ценовни или трошочни показатели (домашната економија и странските трговски партнери) се добива реалниот ефективен девизен курс (РЕДК). Како ценовни показатели (дефлатори) за пресметка на РЕДК се користат индексот на потрошувачките цени, индексот на цените на производителите и индексот на трошоците по единица труд. 

Порастот на индексот на реалниот ефективен девизен курс на денарот се толкува како апрецијација на домашната валута и намалување на ценовната конкурентност, додека надолните движења на индексот укажуваат на депрецијација и соодветен пораст на конкурентноста.



Најнови остварувања:


Во јануари 2020 година во однос на истиот месец од претходната година, реалниот ефективен девизен курс пресметан според двата дефлатори (трошоци на живот и трошоци на производители на индустриски производи) забележа депрецијација од 3,1% и 1,4%, соодветно. Ваквите движења на РЕДК се резултат на поволни придвижувања кај релативните цени, односно пад на релативните трошоци на живот за 1,8% и минимален пад на цените на производители на индустриски производи. НЕДК исто така забележа годишна депрецијација од 1,4%, предизвикана главно од депрецијацијата на денарот во однос на швајцарскиот франк и британската фунта.

















За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)