Пондерирани каматни стапки на банките и штедилниците, вкупни и новодоговорени и активни и пасивни каматни стапки на НБРСМ

Статистиката на каматните стапки опфаќа податоци за пондерираните каматни стапки на банките и штедилниците за вкупните кредити и депозити, новодоговорените кредити и депозити, новоодобрените кредити со обезбедување, новоодобрените долгорочни кредити, како и  прекуноќните депозити, револвинг кредитите, негативните салда на тековни сметки и кредитите врз основа на кредитни картички. Исто така, се објавуваат и временски серии за вкупните кредити и депозити, како и за новодоговорените кредити и депозити.

Пондерираните каматни стапки кои се однесуваат на вкупните кредити и депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, оригинална рочност на достасување и валута.

Пондерираните каматни стапки коишто се однесуваат на новодоговорените активности за дадените кредити и за примените депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, висина на дадените кредити на нефинансиските институции, иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите, оригинална рочност на достасување кај депозитите и валута. Новодоговорените активности ги опфаќаат сите нови договори склучени во објавениот месец.



Најнови остварувања:

 
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2020 година изнесува 4,73% и бележи месечен пад од 0,02 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,99%. 
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити овој месец изнесува 3,94% и оствари месечно намалување од 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,15 п.п. и се сведе на 0,54%.  Прочитај повеќе...                        








 




За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)