Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември и одобрување средства O бр. 02-29685/1 од 18 септември 2018 година, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување објавуваат
КОНКУРС
за ученици од основното и средното образование по повод
Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври
и Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември
1. Теми и услови на конкурсот за учениците од основно образование
Учениците од основното образование може да испратат литературна творба ‒ песна и/или ликовна творба ‒ цртеж на една или на двете зададени теми:
„И јас умеам да штедам“ и
„Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“
За избраните најдобри творби на учениците од основно образование ќе им бидат доделени вкупно 12 награди, и тоа:
- по 3 награди за најдобра литературна творба ‒ песна на двете теми, или вкупно 6 награди.
- по 3 награди за најдобра ликовна творба ‒ цртеж на двете теми, или вкупно 6 награди;
На учениците чиишто творби се наградени ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000,00 денари за најдобра ликовна и литературна творба, со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2018 година.
2. Теми и услови на конкурсот за учениците од средно образование
Учениците од средното образование може да учествуваат на конкурсот на два начина:
а) да испратат литературна творба ‒ есеј на тема: „Штедам – мислам на својата иднина“.
Есејот треба да има најмногу 1.800 зборови и да содржи личен поглед кон штедењето, со осврт на некои од следниве прашања: причините и потребата за штедење, значењето на штедењето за иднината, ставот кон штедењето на младата популација наспроти повозрасните, семејните навики и штедењето, познавањата на младите за штедењето во финансиските институции и други аспекти.
б) да испратат литературна творба ‒ расказ на тема: „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“.
За избраните најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени вкупно 6 награди, и тоа:
- 3 награди за најдобра литературна творба ‒ есеј;
- 3 награди за најдобра литературна творба ‒ расказ.
На учениците чиишто творби се наградени, ќе им биде доделена парична награда во износ од 6.000,00 денари со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2018 година.
Заеднички услови коишто важат за учениците од основно и средно образование:
Со цел да се заштити работата на учениците, Ве молиме потпишете ги Вашите творби, со тоа што на задниот дел на творбите задолжително да се наведат следниве информации:
- Име и презиме на ученикот,
- Назив на училиштето каде што ученикот посетува настава (одделение / година /
општина / село / град), - Име и презиме на родителот / старателот со адреса на живеење, и - Телефон за контакт на родителот / старателот / наставникот / професорот.
|
Начин на достава на творбите:
Сите творби (цртеж, песна, расказ и есеј) може да се достават директно во Архивата на Народната банка или преку пошта. Литературните творби (песна, расказ и есеј) може да се достават и по електронски пат на следнава електронска адреса: [email protected].
Адреса за достава преку пошта со назнака:
„За конкурс по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“ и/или
„За конкурс по повод Денот на осигурувањето – 1 ноември“
НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје.
Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат и ќе ги оценуваат жири-комисии формирани од претставници на Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување.
Списокот на наградените ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени најдоцна до 31 октомври 2018 година, на интернет-страниците на трите институции: на Народната банка /, на Министерството за финансии http://finance.gov.mk/ и на Агенцијата за супервизија на осигурување http://aso.mk/.
За подетални информации Ве молиме обратете се на електронската пошта на Народната банка: [email protected], Министерството за финансии: [email protected] и Агенцијата за супервизија на осигурување: [email protected].