БИОГРАФИЈА

 

Фадил Бајрами

 

вицегувернер на Народната банка на Република Македонија

 

 

Фадил Бајрами има 22-годишно работно искуство, од кое повеќе од 5 години на раководни позиции во приватниот сектор. Тој работел кус период од две години во јавниот сектор како градоначалник на Општина Осломеј. Од 1999 година до 2005 година ја извршувал функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што исто така бил член на повеќе комисии за банкарство и стопанство и претседател на Комисијата за економска политика и развој. Од септември 2005 година до септември 2012 година ја извршувал функцијата вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за трезорското работење и информациската технологија. Од јули 2012 година бил повторно именуван за вицегувернер од Собранието на Република Македонија. Од 2011 година тој има активен универзитетски ангажман преку предавања во областа на макроекономијата и банкарскиот менаџмент на Државниот универзитет во Тетово. Докторирал во 2011 година на Економскиот инситут при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  - Скопје и се стекнал со звањето доктор на науки.