Виртуелна регионална работилница за статистика
во организација на Народната банка на Република Северна Македонија

Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката

11 декември 2020 година


Народната банка на Република Северна Македонија организира регионална статистичка работилница посветена на предизвиците за статистиката коишто ги наметна пандемијата на ковид-19. Целта на работилницата е да ги обедини статистичарите од централните банки во регионот, коишто ќе разговараат за индивидуалните искуства во овој домен, вклучително и за алтернативните решенија за надминување на предизвиците од ковид- кризата.

Целокупниот контекст на пандемијата на ковид-19 влијае врз прибирањето и дисеминацијата на статистичките податоци. Во време кога статистичките податоци се најпотребни, сите напори на носителите на статистиките се насочени да го задржат тековниот систем на прибирање податоци и квалитетот на податоците. Ограничената можност за спроведување на статистичките истражувања, помалата респонзивност на известувачите, доцнењето при доставувањето на податоците од известувачите се само некои од проблемите настанати при првиот бран на кризата. Оваа виртуелна работилница ќе се фокусира на досегашните стратегии за надминување на овие прашања, а воедно ќе се стави акцент и на потенцијалните идни предизвици, како и на можни решенија за нив.

Преку размената на искуствата за специфичните проблеми со кои се соочија статистичарите во досегашниот период од кризата и презентирањето на индивидуалните решенија, работилницата ќе овозможи да се збогатат знаењата и капацитетите на централните банки од регионот за справување со предизвиците коишто на статистичкиот терен би можеле да дојдат до израз во иднина.

На работилницата учествуваат претставници на централни банки од десет земји од регионот. 


Програма

09:00 -09: 10

Поздравен говор

Ана Митреска, вицегувернерка, Народна банка на Република Северна Македонија




09:10 - 09:20

Вовед во Конференцијата

Претседавач

Султанија Бојчева-Терзијан, директорка на Дирекцијата за статистика, Народна банка на Република Северна Македонија




09:20 - 09:40

Презентации по земји:

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката во Народната банка на Република Северна Македонија“ 

Јасминка Додева-Ковачева, раководителка на Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики, Дирекција за статистика




09:40 - 09:55

Предизвиците на Банката на Албанија за време на кризата со Ковид-19 

Аргита Фрашери, директорка на Дирекцијата за статистика




09:55 - 10:15

Пауза за кафе и чај




10:15 - 10:30

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката“ – Искуства од Централната банка на Босна и Херцеговина 

Амир Хаџиомерагиќ, директор на Дирекцијата за статистика и објавување

Ведран Милисав, раководител на Отсекот за билансот на плаќањата, Дирекција за статистика и објавување




10:30- 10:45

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на платнобилансната статистика“ - Народна банка на Бугарија

Нина Иванова, раководителка на Отсекот за макроекономска статистика, Дирекција за статистика и

Весела Генчева, експерт, Отсек за макроекономска статистика, Дирекција за статистика




10:45 - 11:00

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката во Хрватската народна банка“

Никола Љубиќ Карановиќ, раководител на Отсекот за финансиски сметки и фискална статистика, Дирекција за монетарна и финансиска статистика




11:00 - 11:15

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката“ - Централна банка на Црна Гора 

Данијела Лазовиќ, раководителка на Отсекот за билансот на плаќања и

Ања Голубовиќ, советничка во Отсекот за монетарна политика




11:15 - 11:30

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката“ - случајот на Народната банка на Романија 

Александру Каталин Попа, раководител на Отсекот за билансот на плаќања, Дирекција за статистика и

Думитру Пирву, раководител на Отсекот за директно статистичко известување, Дирекција за статистика




11:30 - 11:45

Пауза за кафе и чај




11:45 - 12:00

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката: Случајот на Србија“ - Народна банка на Србија 

Јелена Маравиќ, раководителка на Отсекот за монетарна и финансиска статистика, Дирекција за економски истражувања и статистика и

Маја Гавриловиќ, раководителка на Отсекот за платнобилансна статистика, Дирекција за економски истражувања и статистика




12:00 - 12:15

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката“ - Централна банка на Република Турција 

Пинар Тунар, помошник-специјалист, Дирекција за управување со податоците и статистика / Отсек за за истражувања и индекси и

Ајлин Аслан, помошник-специјалист, Дирекција за управување со податоците и статистика / Отсек за следење и рано предупредување




12:15 - 12:30

„Ковид-19 и предизвиците за компилирање на статистиката“ - Централна банка на Република Косово 

Шќипе Хајредини, виш статистичар, Дирекција за статистика / Отсек за финансиски сметки и

Ибиш Кастрати, виш статистичар, Дирекција за статистика / Отсек за екстерни статистики




12:30 - 13:00

Прашања и одговори од учесниците




            13:00

Крај на Виртуелната работилница