Упатство за пополнување на образец 1450

Првиот дел од образецот го пополнува налогодавачот (рубриките од 1 до 9 освен рубриката 3), вториот дел го пополнува банката (рубриките од 10 до 15). Ако плаќањето во странство се врши по налог на домашно физичко лице или нерезидент, образецот 1450 во целост го пополнува банката.

Во рубриките на овој образец се внесуваат следниве податоци:

  1. Назив, адреса, број на тековната сметка / ИБАН и матичен број на подносителот на налогот (налогодавач). Се впишува бројот на тековната сметка / ИБАН на налогодавачот кај банката. Доколку налогодавачот е домашно физичко лице, банката ја впишува шифрата за домашни физички лица - 1000000. Ако налогодавач е нерезидент, банката ја впишува шифрата за странско лице
    9000ХХХ (ХХХ - земја на нерезидентот од шифрарникот на земји којшто е составен дел на ова упатство). Ако налогодавачот е самостоен вршител на дејност којшто не врши плаќање како физичко лице, се впишува неговиот матичен број од деловниот регистар;
  2. Назив, адреса и матичен број на банката којашто го врши плаќањето. Во полето на десната страна, под бројот 70 се впишува едноцифрената ознака на инструментот на плаќање од шифрарникот на инструменти на плаќање;
  3. Број под кој е заведен налогот во регистарот на банката;
  4. Назив, адреса и бројот на сметка/ ИБАН на нерезидентот во чија корист треба да се изврши плаќањето, а во осенчаното поле се впишува шифрата на земјата на нерезидентот од шифрарникот на земји, независно од тоа преку која земја се врши плаќањето, или шифрата на меѓународната организација;
  5. Назив и адреса на банката на нерезидентот, во првото осенчано поле се впишува шифрата на земјата од шифрарникот на земји, а во второто осенчано поле СВИФТ-ознаката на банката. Адресата на банката на нерезидентот се пополнува само во случај кога банката нема СВИФТ-ознака;
  6. Во првото и второто осенчано поле: шифра и скратен назив на валутата од шифрарникот на валути; во третото осенчано поле: износот во валута во кој треба да се плати, со две децимални места и во четвртото осенчано поле: датумот на кој е извршено плаќањето од сметката на банката во странство, односно од сметката на нерезидентот кај банката. Датумот го пополнува налогодавачот, ако сака плаќањето да биде извршено на точно определен датум, во спротивно ова поле го
    пополнува банката;
  7. При пополнување на оваа рубрика, налогодавачот поаѓа од вкупната обврска
    којашто ја плаќа. Во првата колона се внесува шифрата на основот од шифрарникот на основи, во втората колона - бројот на документот (кредитна пријава, одобрение од Народната банка итн.), во третата - опис на трансакцијата врз основа на која настанала обврската кон странство и во четвртата колона - износот на обврската во валута.
    Ако налогодавачот плаќа обврска за повеќе основи, ги специфицира поединечно сите основи за кои настанала обврската (на пример: камата и главнина; стока и услуга).
    Ако плаќањето е помало од обврската, се впишува вкупниот износ на обврската и износот за кој е намалена таа обврска (пример: фактурната вредност на царинскиот документ и добиеното одобрение од нерезидентот со кое е намалена обврската). Износот на намалената обврска се внесува со негативен предзнак.
    Вкупниот износ за плаќање мора да е идентичен со износот во валута од рубрика 7 - Доколку налогодавачот не ја пополни колоната „шифра на основ“, шифрирањето го врши банката дополнително согласно со описот на трансакцијата.
  8. Се наведува на чиј товар ќе се засметаат трошоците на банките за извршување
    на плаќањето;
  9. Место, датум и заверка од страна на налогодавачот;
  10. Се внесува местото и датумот кога банката го прифатила налогот за
    извршување, како и заверка од страна на банката;
  11. Податоци за книжење на задолжувањето на банката;
  12. Податоци за книжење на одобрувањето на банката;
  13. Во оваа рубрика банката внесува податоци за сметката (сметките) од која се
    обезбедуваат средствата за покритието за извршување на плаќањето во странство
    (на пример: покритие од сметката 7000, 7001, 7053, 702, 80, 50, 51, 52. . .);
  14. Забелешка, место и датум на обработка на плаќањето и заверка од страна на
    банката.