Значајни учесници во МИПС се банките во Република Северна Македонија коишто се предмет на супервизија од страна на Народната банка. Исто така, во согласност со законската регулатива учесници во МИПС се: Народната банка, клириншките системи, трезорскиот систем, брокерските друштва и останати институции коишто имаат потпишано соодветен договор со Народната банка.
Комплетниот список на учесници во МИПС може да го преземете во ексел-форматот на „Мајкрософт“

За учество во МИПС, потенцијалниот учесник треба да достави Барање за учество во МИПС. Доколку по обработка на барањето од страна на Народната банка се утврди дека се исполнети сите услови за учество, се потпишува Договор за учество во МИПС со новиот учесник. Со потпишување на договорот, учесникот се обврзува да ги почитува Правилата за работа на МИПС.

Учесникот отвора сметка во МИПС со поднесување барање за отворање сметка, со кое ја приложува потребната документација наведена во Одлуката за условите и постапката за отворање и затворање на платежните сметки во Народната банка на Република МакедонијаПријава на овластени лица за располагање со паричните средства на платежната сметка, Листа на депонирани потписи и Изјава за носител на јавна функција. Доколку се исполнети потребните услови се склучува Договор за отворање трансакциска сметка на учесникот во Народната банка.   

Учесникот може да ја затвори сметката во Народната банка во согласност со Одлуката за општите услови за отворање и затворање сметки во Народната банка на Република Македонија со поднесување Барање за затворање на платежната сметка.

Комплетниот список на сметки во МИПС може да го преземете во ексел-форматот на „Мајкрософт“ (Microsoft Excel формат).