ВОДИЧ ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА

Парите се еден важен дел од нашиот секојдневен живот. Но, управувањето со пари може да биде многу тешка задача. Доколку износот на пари што го имате не ви е доволен, вие сте во неволја, но и поседувањето голем износ на пари, ако не знаете како да ги потрошите, може да ве донесе, исто така, во неволја. Овој водич ќе ви помогне попаметно да управувате со вашите пари. Откако ќе го прочитате, ќе научите:

  • Што се парите и од каде потекнуваат;
  • Како одговорно да ги трошите парите;
  • Како да управувате со вашите приходи;
  • Кои се предностите од штедењето;
  • Што е буџет.