Стратегија
Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2025-2027 година е поставен под мотото „Централна банка којашто придонесува за градење стабилна, одржлива и зелена економија“, со што воедно се утврдија главните области на коишто посветено ќе работи во следните три години.
Стратегискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија се утврдува врз основа на визијата, мисијата и организациските вредности на Народната банка, во зависност од макроекономското окружување и клучните предизвици. Стратегискиот план претставува основа за подготовка на Програмата за работа, со кои се утврдуваат годишните програми за остварување на законските функции и стратегиските приоритети.
Визија
Визијата на Народната банка е да биде препознаена како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција, којашто со својот интегритет и кредибилитет ја поттикнува и ја гради довербата кај јавноста.
Мисија
Народната банка преку своите надлежности и активности ја зајакнува финансиската и ценовната стабилност, придонесува кон домашниот економски раст и економскиот напредок на сите граѓани.
Вредности
Народната банка се придржува до следниве основни принципи и вредности на кои се заснова нејзиното работење, тоа се посветеноста на квалитетот, интегритетот, лојалноста, транспарентноста, лидерството, иновативноста, флексибилноста, професионализмот и негувањето силно чувство за тимски дух. Почитувањето на овие вредности го гарантира одржувањето на највисоките стандарди на извонредност и одговорност во сите аспекти на нашата работа, исполнувајќи ја со тоа нашата мисија да ѝ служиме на јавноста со трудољубивост и посветеност.
При изработката на Стратегискиот план се зеде предвид динамичното окружување, новите предизвици и можностите од трендовите на глобалната сцена. Покрај традиционалните надлежности во областите на спроведувањето на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, управувањето со девизните резерви, економските истражувања и статистиката, ефикасноста на платниот систем и управувањето со готовината, особен акцент е ставен на справувањето со трендовите коишто се развиваат и коишто ќе ги обликуваат овие законски функции во наредните години. Затоа, проактивно се утврдени пет стратегиски области. Сето ова е со цел да се овозможи поголем придонес за одржлив и инклузивен раст на македонската економија, поддржувајќи ја нејзината зелена и дигитална транзиција.
Остварувањето на својата визија и мисија во рамките на својот мандат и надлежности во наредниот тригодишен период ќе биде насочено преку следниве стратегиски области:
