Пондерирани каматни стапки на банките и штедилниците, вкупни и новодоговорени и активни и пасивни каматни стапки на НБРСМ

Статистиката на каматните стапки опфаќа податоци за пондерираните каматни стапки на банките и штедилниците за вкупните кредити и депозити, новодоговорените кредити и депозити, новоодобрените кредити со обезбедување, новоодобрените долгорочни кредити, како и  прекуноќните депозити, револвинг кредитите, негативните салда на тековни сметки и кредитите врз основа на кредитни картички. Исто така, се објавуваат и временски серии за вкупните кредити и депозити, како и за новодоговорените кредити и депозити.

Пондерираните каматни стапки кои се однесуваат на вкупните кредити и депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, оригинална рочност на достасување и валута.

Пондерираните каматни стапки коишто се однесуваат на новодоговорените активности за дадените кредити и за примените депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, висина на дадените кредити на нефинансиските институции, иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите, оригинална рочност на достасување кај депозитите и валута. Новодоговорените активности ги опфаќаат сите нови договори склучени во објавениот месец.



Најнови остварувања:

Во февруари 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,18% и забележа годишен пад од 0,34 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари годишен раст од 0,43 п.п. и изнесува 2,19%. 

Во февруари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е намалена за 0,72 п.п. на годишна основа и изнесува 4,63%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,41% и забележа годишен раст од 0,10 п.п.   Прочитај повеќе...                                                                                                                                               







 
  
 




За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)