2025202420232022202120202019201820172016

I-XVIII-XXII-XXIII-XXII-XVIIII-XIVI-XIXI-XV
I-XV




I    II    III    IV    


ДНЕВЕН РЕД
од I седница, одржана на 4 февруари 2025 година 

  1. Усвојување на записникот од 17 седница на Советот на Народната банка од 2024 година;
  2. Квартален извештај, февруари 2025;
  3. Одлука за усвојување на Извештајот на Централната пописна комисија за извршениот годишен попис на средствата и обврските на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 31 декември 2024 година;
  4. Одлука за издвојување на посебна резерва за потенцијални обврски со состојба 31.12.2024 година;  
  5. Одлука за отпис на обврски и бришење од сметководствена евиденција;
  6. Одлука за отпис на сомнителни и спорни побарувања и бришење од сметководствена евиденција;
  7. Одлука за изменување на Одлуката за Методологијата за сигурност на информативниот систем на банката;
  8. Одлука за изменување на Одлуката за издавање дозволи;
  9. Одлука за изменување на Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка;
  10. Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ликвидносниот ризик;
  11. Одлука за изменување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор;
  12. Одлука за изменување на Одлуката за условите и постапката за спроведување на планот за рехабилитација и планот за пренос на средствата и обврските;
  13. Одлука за изменување на Одлуката за издавање согласности;
  14. Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;
  15. Одлука за изменување на Одлуката за начинот на работење на филијала на странска банка;
  16. Информација за најнови случувања во врска со стечајната постапка на ДГ Бетон АД Скопје, во стечај и судскиот спор со ДГ Бетон АД Скопје, во стечај, во периодот 19 декември 2024 година – 20 јануари 2025 година;
  17. Информирање за Изјави за значителни финансиски интереси и Изјави за запознавање со одредбите и обврските од Етичкиот кодекс на членовите на Советот;  
  18. Информација во врска со допис доставен од физичко лице;
  19. Одлука за изменување на Одлуката за задолжителна резерва;
  20. Информација за преземени дејствија по доставен допис;       
  21. Разно.    

  

Гувернер и претседавач на
Советот на Народната банка на Република Северна Македонија 
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од II седница, одржана на 27 февруари 2025 година

  1. Усвојување на записникот од 1 седница на Советот на Народната банка од 2025 година;
  2. Одлука за утврдување на финансискиот резултат и добивка за распределба на Народната банка на Република Северна Македонија за 2024 година;
  3. Одлука за одобрување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2024 година;   
  4. Извештај на независниот ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2024 година;
  5. Извештај за остварувањето на Финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2024 година;
  6. Извештај за остварувањето на Годишниот план за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за 2024 година;
  7. Извештај за управување и инвестирање на девизните резерви во четвртиот квартал на 2024 година;  
  8. Годишен извештај за управувањето со ризиците на кои е изложена Народната банка во делот на спречување перење пари и/или финансирање тероризам за 2024 година;
  9. Годишен извештај за усогласеноста на Народната банка;
  10. Одлука за дополнување на Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки;
  11. Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија;
  12. Информација за најнови случувања во врска со стечајната постапка на ДГ Бетон АД Скопје, во стечај и судскиот спор со ДГ Бетон АД Скопје, во стечај, во периодот 21 јануари 2025 година –  -- февруари 2025 година;
  13. Најнови макроекономски показатели-преглед на тековната состојба, февруари 2025 година;
  14. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2024 година на Народната банка за периодот јануари ‒ декември 2024 година;
  15. Информација во врска со известување од КИБС АД Скопје за развој на систем за инстант плаќања и предлог одговор до КИБС АД Скопје;
  16. Одлука за изменување и дополнување  на Одлуката утврдување на бодовите за работните места во Народната банка на Република Северна Македонија;
  17. Разно.

Гувернер и претседавач на 
Советот на Народната банка на Република Северна Македонија 
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД
од III седница, одржана на 27 март 2025 година

  1. Усвојување на записникот од 2 седница на Советот на Народната банка од 2025 година;
  2. Годишен извештај за работењето на внатрешната ревизија во 2024 година;
  3. Одлука за изработка на план за решавање на банка и за оценка на можноста за решавање на банка;
  4. Одлука за начинот на утврдување на минималната стапка на сопствени средства и дозволени обврски;
  5. Одлука за придонесите во Фондот за решавање банки;
  6. Одлука за методологијата за начинот на вршење на процената на вредноста за целите на решавање на банка;
  7. Одлука за начинот на примена на инструментот за внатрешна распределба на загубите и за начинот на вршење отпис и претворање на соодветните капитални инструменти и дозволени обврски;
  8. Одлука за  содржината и начинот на оцена на планот за реорганизација и за содржината на извештаите за неговото спроведување;
  9. Одлука за условите кога се смета дека состојбата на пазарот е таква што продажбата или впаричувањето на средствата, правата или обврските на банката којашто се решава или на преодната институција во стечајна постапка негативно би влијаела на финансискиот пазар;
  10. Одлука за постапката за издавање дозвола за основање и работење на преодна банка;
  11. Одлука за спроведување продажба на дејноста без јавна објава;
  12. Одлука за видовите договори, аранжмани и инструменти коишто се предмет на заштита при делумни преноси;
  13. Одлука за начинот на спроведување теренска контрола и изрекување мерки поврзани со активностите за решавање банка;
  14. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и задолжителните елементи на прекршочниот платен налог;
  15. Одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2025 година на Народната банка на Република Северна Македонијa;
  16. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за организација на Народната банка на Република Северна Македонија;
  17. Извештај за работењето на Комитетот за ревизија за 2024 година;
  18. Најнови макроекономски податоци - преглед на тековна состојба, март 2025.    


Гувернер и претседавач на 
Советот на Народната банка на Република Северна Македонија 
д-р Анита Ангеловска-Бежоска


ДНЕВЕН РЕД 
од IV седница, одржана на 17 април 2025 година

  1. Усвојување на записникот од 3 седница на Советот на Народната банка од 2025 година;
  2. Годишен извештај на Народната банка за 2024 година;
  3. Извештај на независниот ревизор, за конзистентност на финансиските податоци објавени во Годишниот извештај за работењето на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на и за годината која заврши на 31 декември 2024 година, со податоците објавени во годишната сметка и ревидираните финансиски извештаи со состојба на и за годината која заврши на 31 декември 2024 година; 
  4. Програма на истражувачката активност во периодот 2026-2028 година;
  5. Писмо до раководството за наодите од ревизијата за годината што завршува на 31 декември 2024 година;
  6. Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во 2024 година;
  7. Основни политики за изменување на Основните политики за сметководствено евидентирање и финансиско известување на Народната банка на Република Северна Македонија;
  8. Одлука за Методологијата за сигурност на информативниот систем на банката;
  9. Одлука за начинот за извршување платежни трансакции со странство;
  10. Одлука за извршување платежни трансакции;
  11. Информација за најнови случувања во врска со стечајната постапка на ДГ Бетон АД Скопје, во стечај и судскиот спор со ДГ Бетон АД Скопје, во стечај, во периодот 18 февруари 2025 година до 8 април 2025 година;
  12. Одлука за начинот, формата и роковите за поднесување извештаи за склучените кредитни работи;
  13. Одлука за позициите од кои се состои почетниот капитал и сопствените средства на платежната институција и институцијата за електронски пари, методите за пресметка на износот на сопствените средства, како и видот, содржината и начинот на доставување на извештаите за сопствените средства;
  14. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за пресметка на висината на годишниот надоместок за вршењето супервизија над банките и штедилниците, како и за начинот на неговата наплата;
  15. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на известување за услугите врз основа на платни инструменти коишто можат да се користат само на ограничен начин и за платежните трансакции коишто се извршуваат преку оператор на електронски комуникациски мрежи или давател на електронски комуникациски услуги, како и критериумите за оценување на исполнетоста на условите;  
  16. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство;
  17. Одлука за давање недвижен имот во Кочани, Штип и Куманово на времено користење на Управата за јавни приходи без надомест;
  18. Политика за управување со ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и примена на рестриктивните мерки; 
  19. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за организација на Народната банка на Република Северна Македонија;
  20. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работите и задачите и класификација на работните места во Народната банка на Република Северна Македонија;
  21. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на бодовите за работните места во Народната банка на Република Северна Македонија ;
  22. Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на надоместок;
  23. Анализа и план за активирање на резервна локација за непречено одвивање на процесот „Снабдување на банките и центрите за готовина со книжни и ковани пари“, во услови на кризни сценарија кои би резултирале со недостапност до централниот трезор на Народната банка;
  24. Информација за состојбата на недвижниот имот на Народната банка за 2024 година.

Гувернер и претседавач на
Советот на Народната банка на Република Северна Македонија 
д-р Анита Ангеловска-Бежоска