2020
Седница: I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII XIII XIV XV XVI XVII XVIII
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од I седница, одржана на 24 јануари 2020 година
- Усвојување на записникот од XIV седница на Советот на Народната банка од 2019 година;
- Квартален извештај, февруари 2020 година;
- Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2019 година;
- Одлука за усвојување на Извештајот на Централната пописна комисија за извршен вонреден попис во Рефератот за промет со вредносници - Скопје и во Централниот трезор - Скопје во Дирекцијата за трезорско работење на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба 7 октомври 2019 година;
- Одлука за усвојување на Извештајот на Централната пописна комисија за извршениот годишен попис на средствата и обврските на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 31 декември 2019 година;
- Одлука за отпис на побарувања и обврски и бришење од сметководствената евиденција;
- Одлука за дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Правила за начинот и постапката за донирање од страна на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Најнови макроекономски показатели – преглед на тековната состојба, јануари 2020;
- Разно.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од II седница, одржана на 25 февруари 2020 година
- Усвојување на записникот од I седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Извештај за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка на Република Северна Македонија во 2019 година;
- Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2019 година на Народната банка за периодот јануари ‒ декември 2019 година;
- Одлука за одобрување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2019 година и за распределување на финансискиот резултат за распределба за 2019 година;
- Извештај на независниот ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија за 2019 година;
- Извештај за остварување на Финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2019 година;
- Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за 2019 година;
- Најнови макроекономски показатели, февруари 2020;
- Информација во врска со Проектот за воведување на деловна интелигенција со податочен склад;
- Разно.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од III седница, одржана на 17 март 2020 година
- Одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва;
- Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од IV седница, одржана на 20 март 2020 година
- Одлука за одржување седници по електронски пат;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик;
- Одлука за формирање Штаб за заштита и спасување;
- Одлука за измена на Политиката за непрекинатост во работењето во Народната банка нa Република Северна Македонија;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање специјализирани единици за заштита и спасување во Народната банка на Република Северна Македонија од природни непогоди и други несреќи;
- План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во Народната банка на Република Северна Македонија;
- Решение за формирање Координациска група за заштита и спасување.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од V седница, одржана на 30 март 2020 година
- Усвојување на записниците од II, III и IV седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Извештај за работењето на Комитетот за ревизија во 2019 година;
- Извештај за работењето на внатрешната ревизија во 2019 година;
- Правилник за работата на Дирекцијата за внатрешна ревизија;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање на книжни пари во апоен од 10 денари со изменети белези;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање на книжни пари во апоен од 500 денари со изменети белези.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од VI седница, одржана на 28 април 2020 година
- Усвојување на записникот од V седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Годишен извештај за 2019 година;
- Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во 2019 година;
- Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал на 2020 година;
- Финансиски извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 31 март 2020 година;
- Извештај за исполнување на финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот јануари – март 2020 година;
- Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот јануари – март 2020 година;
- Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка за периодот јануари ‒ март 2020 година;
- Одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стратегиско и оперативно планирање;
- Одлука за изменување на Стратегиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот 2020 ‒ 2022 година;
- Одлука за изменување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;
- Одлука за изменување на Годишниот финансиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
- Одлука за изменување на Годишниот план за инвестиции на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
- Извештај на независниот ревизор за конзистентност на Годишниот извештај за работењето на Народната банка за 2019 година со Финансиските извештаи и годишната сметка на Народната банка на Република Северна Македонија за 2019 година;
- Најнови макроекономски показатели, преглед на тековна состојба април 2020;
- Информација за надоместоци за извршување прекугранични плаќања;
- Информација во врска со утврдувањето на системски значајните банки во РСМ според пресметките со состојба на 31.12.2019 година.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од VII седница, одржана на 4 мај 2020 година
- Усвојување на записникот од VI седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Квартален извештај - Мај 2020 година.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од VIII седница, одржана на 28 мај 2020 година
- Усвојување на записникот од VII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Одлука за изменување на Одлуката за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар;
- Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик;
- Одлука за давање донација;
- Одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва;
- Информација за барањето на ГД Бетон АД Скопје за продолжување на рокот за реализација на договорот за изградба на новиот објект на Народната банка;
- Годишна информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2019 година.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од IX седница, одржана на 19 јуни 2020 година
- Усвојување на записникот од VIII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Одлука за дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од X седница, одржана на 2 јули 2020 година
- Усвојување на записникот од IX седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот на Народната банка на Република Македонија;
- Одлука за изменување на Годишниот финансиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година;
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Писмо до раководството на Народната банка на Република Северна Македонија за наодите од ревизијата за годината што завршува на 31 декември 2019;
- Најнови макроекономски показатели, преглед на тековната состојба, јуни 2020.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XI седница, одржана на 30 јули 2020 година
- Усвојување на записникот од X седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Годишен извештај за надгледувањето на работењето на платните системи и дадените препораки за 2019 година;
- Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка за периодот јануари ‒ јуни 2020 година;
- Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во вториот квартал на 2020 година;
- Финансиски извештаи на Народната банка на Република Северна Македонија со состојба на 30 јуни 2020 година;
- Извештај за исполнување на финансискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот јануари – јуни 2020 година;
- Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот јануари – јуни 2020 година;
- Основни политики за изменување и дополнување на основните политики за сметководствено евидентирање и финансиско известување на Народна банка на Република Северна Македонија;
- Извештај за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2020 година;
- Одлука за начинот на утврдување поврзани лица и за лимитите на изложеноста;
- Одлука за формирање Комитет за ревизија;
- Квартален извештај август 2020;
- Најнови макроекономски податоци – преглед на тековната состојба, јули 2020.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XII седница, одржана на 31 август 2020 година
- Усвојување на записникот од XI седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Извештај за финансиската стабилност во 2019 година;
- Одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Најнови макроекономски податоци – преглед на тековната состојба, август 2020.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XIII седница, одржана на 5 октомври 2020 година
- Усвојување на записникот од XII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Најнови информации поврзани со Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај
- Предлог за поднесување кривична пријава во врска со случувањата во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај
- Разно
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XIV седница, одржана на 13 октомври 2020 година
- Усвојување на записникот од XIII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Извештај за работењето на внатрешната ревизија во првото полугодие на 2020 година;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за работата на Дирекцијата за внатрешна ревизија;
- Политика за измени и дополнување на Политиката за управување со оперативните ризици;
- Политика на управувањето со човечките ресурси во Народната банка на Република Северна Македонија;
- Одлука за дополнување на Одлуката за сметковниот (контниот) план за банките;
- Правилник за заштитено внатрешно пријавување во Народната банка на Република Северна Македонија;
- Правилник за начинот и роковите за вршење попис на средствата и обврските и за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Одлука за формата, содржината на извештаите и динамиката на нивното доставување кај посредниците при микроплаќање;
- Правилник за начинот на стекнување, управување, чување и располагање со подвижниот и недвижниот имот на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Одлука за пристапот и начинот на користење на информации на Народната банка на Република Северна Македонија, кои не се јавни;
- Одлука за давање на недвижен имот во Кочани на времено користење на Централниот регистар на Република Северна Македонија без надомест;
- Одлука за давање на недвижен имот во Охрид на времено користење на Централниот регистар на Република Северна Македонија без надомест;
- Одлука за давање на недвижен имот во Тетово на времено користење на Централниот регистар на Република Северна Македонија без надомест;
- Одлука за давање на недвижниот имот во Прилеп на времено користење на Управата за јавни приходи без надомест;
- Најнови макроекономски податоци – преглед на тековната состојба, септември 2020.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XV седница, одржана на 22 октомври 2020 година
- Усвојување на записникот од XIV седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Информација во врска со поплака бр.02-22956/1 поднесена на 18 септември 2020 година од Влатко Ташковски– претставник на Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетни акции на Стопанска банка АД Скопје.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XVI седница, одржана на 4 декември 2020 година
- Усвојување на записникот од XV седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Квартален извештај, ноември 2020 година;
- Разно
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XVII седница, одржана на 17 декември 2020 година
- Усвојување на записникот од XVI седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Програма за работа на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година;
- Извештај за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2020 година;
- Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во третиот квартал на 2020 година;
- Финансиски извештаи на Народната банка со состојба на 30 септември 2020 година;
- Извештај за исполнување на Финансискиот план на Народната банка за периодот јануари - септември 2020 година;
- Извештај за исполнување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка за периодот јануари - септември 2020 година;
- Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2020 година на Народната банка за периодот јануари ‒ септември 2020 година;
- Извештај за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на евроинтеграција во периодот септември 2019 – октомври 2020 година;
- Одлука за изменување на Одлуката за начинот на утврдување поврзани лица и за лимитите на изложеноста;
- Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство;
- Одлука за продажба на подвижен имот патничко возило марка Ауди;
- Одлука за продажба на подвижен имот - патничко моторно возило марка Форд Мондео;
- Одлука за продажба на подвижен имот - 6 патнички моторни возила, марка Опел Астра.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска
Д Н Е В Е Н Р Е Д
од XVIII седница, одржана на 28 декември 2020 година
- Усвојување на записникот од XVII седница на Советот на Народната банка од 2020 година;
- Програма за работа на Дирекцијата за внатрешната ревизија за 2021 година;
- Среднорочна програма за работа на Дирекцијата за внатрешната ревизија за периодот 2021-2023 година;
- Годишен финансиски план на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година;
- Годишен план за инвестиции на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година;
- Годишен план за јавните набавки во 2021 година на Народната банка на Република Северна Македонија;
- Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во третиот квартал од 2020 година;
- Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците;
- Одлука за дополнување на Стратегискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија за периодот 2020 -2022 година;
- Најнови макроекономски податоци, преглед на тековната состојба, декември 2020.
Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Северна Македонија
д-р Анита Ангеловска-Бежоска