Регулатива за платните системи и платежните услуги
Регулативата за платните системи вклучува законска и подзаконска регулатива. Во делот на законската регулатива, основен закон е Законот за Народната банка на Република Северна Македонија во кој се уредени задачите и овластувањата на Народната банка во делот на платните системи и има предност пред сите други закони. Покрај тоа, Народната банка има овластувања во делот на надзорот и регулирањето на платните системи и плаќањата коишто произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи.
Во согласност со законските овластувања произлезени од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Законот за платежни услуги и платни системи, Народната банка донесува подзаконски акти (oдлуки и упатства). Народната банка во процесот на донесување на подзаконските акти спроведува консултативен процес со засегнатите страни.
Закони
Подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи ►►►
Подзаконски акти поврзани со Законот за платниот промет ►►►