Основната функција на инструментот е управување со вишокот на ликвидност кај банките и штедилниците на краток рок, при што банките и штедилниците можат да пласираат средства во расположливи депозити кај Народната банка на сопствена иницијатива. Расположливите депозити се со рочност преку ноќ и на седум дена. Каматната стапка на расположливите депозити преку ноќ претставува долна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари. Во расположливи депозити преку ноќ можат да пласираат средства кај Народната банка секој работен ден, додека во расположливи депозити на седум дена можат да пласираат средства еднаш неделно, во среда.

 Каматна стапка на расположливите депозити - историски податоци