Скопје, НБРМ, 22.5.2007 година

Работилница на тема: „Проблеми во мерењето на инфлацијата“

Програма

10:00 Воведно обраќање и отворање на работилницата, м-р Петар Гошев, гувернер на НБРМ (обраќање) и м-р Благица Новковска, директор на ДЗС (обраќање)

I дел: презентации 
претседавач: д-р Анета Крстевска, директор на Дирекцијата за истражување при НБРМ

10:15 „Мерењето на инфлацијата и инфлацијата од перспектива на монетарната политика“, Билјана Давидовска Стојанова, НБРМ и Снежана Шиповиќ, ДЗС (PDF труд) (презентација PPS)

10:35 „Хармонизиран индекс на потрошувачки цени (ХИПЦ), минати достигнувања и идни предизвици“, г. Јарко Пасанен, Еуростат (презентација PPS - достапно само на англиски јазик)

10:55 „Прашања поврзани со мерењето на индексот на потрошувачките цени (ИПЦ), со посебен фокус на сопственичкото домување“, г-ѓа Александра Хит, БИС (PDF труд - достапно само на англиски јазик) (презентација PPS - достапно само на англиски јазик)

11:15 Дискусија

11:30 Пауза за кафе

II дел: презентации 
претседавач: м-р Ана Митреска, заменик-директор на Дирекцијата за истражување при НБРМ

11:45 „Фактори на инфлацијата во Република Македонија“, доц. д-р Горан Петревски, Економски факултет - Скопје (PDF труд) (презентација PPS)

12:05 „Улогата на инфлацијата и инфлациските очекувања во изготвувањето на деловната политика на банките“, д-р Глигор Бишев, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Република Македонија (презентација PPS)

12:25 „Инфлација, индексација и последици врз буџетската политика“, д-р Никица Мојсоска-Блажевски, раководител на Отсек за макроекономија при Министерството за финансии (PDF труд) (презентација PPS)

12:45 „Влијанието на инфлациската варијабилност и несигурност врз домашните инвестиции“, м-р Александар Стојков, Центар за економски анализи (презентација PPS)

13:05 Дискусија

13:20 Затворање на Работилницата и препораки

13:35 Коктел