Оваа страница овозможува стекнување сознанија за теми поврзани со примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор

Општо за Портата за иновации

Портата за иновации претставува комуникациски канал / платформа за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот), Народната банка и други релевантни институции, поради развивање доверба и дијалог помеѓу сите вклучени страни.

Основна цел на Портата за иновации при Народната банка е да го олесни, да го поттикне и да го помогне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи кај секоја компанија што сака да започне иновативна бизнис-активност.

Народната банка настојува преку оваа платформа да им овозможи на финтек-компаниите да соработуваат со неа како финансиски регулатор надвор од постојната формална регулаторна рамка. 

Преку давање на правно необврзувачки насоки и објаснување на постојните регулаторни барања преку оваа комуникациска платформа, Народната банка е подготвена да ја разгледа потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија / проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без преземање активности насочени кон прекумерно преземање ризици.  

Доколку развивате или применувате иновации во финансискиот сектор и притоа користите нови технологии, би сакале да нè контактирате.


Контакт: [email protected]