Платежна статистика
Методолошки опис на податоците од доменот на платежната
статистика
1. Општо
Назив на документот
Платежна статистика
Цел на известувањето
Податоци и информации за целите на платежната статистика
Известувачи
Банките, штедилниците, платежните институции, институциите
за електронски пари и операторите на платните системи (во согласност со Закон
за платежни услуги и платни системи) ги доставуваат податоците или
информациите за статистички цели до Народната банка преку електронска
апликација.
Прописи
1. Закон
за платежни услуги и платни системи („Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 90/22 и бр. 64/24) (во натамошниот текст: Законот);
2. Одлука
за содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на
податоците и информациите за платежна статистика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 12/23) (во
натамошниот текст: Одлуката);
3. Упатство
за доставување податоци и информации за платежната статистика („Службен
весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/23) (во натамошниот текст:
Упатството).
2. Термини, дефиниции и видови податоци
Термините и дефинициите се содржани во Законот,
Одлуката и во Упатството и се приспособени во значителна мера на барањата на Регулативата
за платежната статистика бр. 2020/59 на Европската централна
банка. Известувачите ги доставуваат податоците за платежните сметки, платежните
картички, и за уредите коишто прифаќаат платежни картички, за платежните
трансакции според видот на платежните услуги, за платежните трансакции според
типот на уредот којшто прифаќа платежни картички, како и за висината на
надоместокот за услугата на продавачот.
3. Обработка на податоците
Податоците што ги доставуваат известувачите ги обработува
Народната банка и се објавуваат во агрегирана форма, со почитување на принципот
за доверливост на индивидуалните податоци доставени од страна на секој од известувачите.
4. Интегритет
Известувачите ги доставуваат месечните и годишните податоци
и информации до Народната банка, коишто ги контролира, и во случај на поголеми
отстапувања и нелогичности во однос на претходниот месец или година,
известувачите се должни да достават дополнителни информации и објаснувања за
причините за отстапувањата.
5. Ревизија на податоците
Ревизијата на податоците се врши во случај на добивање нови,
коригирани информации и податоци од известувачите, како и во случај на
методолошки измени во термините и дефинициите.
6. Временски серии и фреквенција на податоците
Податоците од јануари 2005 година до декември 2023 година,
објавени во согласност со соодветната важечка методологија, се достапни на
интернет-страницата на Народната банка, во делот на платежната статистика на
следнава врска „Архива
на податоци и информации за платежна статистика за периодот од
јануари 2005 година до декември 2023 година“.
Почнувајќи од 1 јануари 2024 година, известувачите за првпат
ги доставуваат податоците и информациите во согласност со Законот, Одлуката и
Упатството.
7. Објавување
Народната банка ги објавува месечните податоци во рок од 90
дена од крајот на секој квартал, односно годишните во рок од 90 дена од крајот
на годината, во агрегирана форма, на својата веб- страница во согласност со Календарот
на објавување податоци од областа на платежната статистика, со
исклучок на одредени дефинирани податоци коишто се употребуваат само за
аналитички цели на Народната банка на Република Северна Македонија.
Извештаи за податоците од доменот на платежната статистика
* Извештаите коишто не содржат врска ќе бидат пополнети и
објавени со податоци во периодот уреден во согласност со Календарот на објавување податоци од областа на
платежната статистика
Архива на податоци и информации за платежна статистика за периодот од јануари 2005 година до декември 2023 година*
* Извештаите содржат податоци
за платежната статистика во земјата за периодот од јануари 2005 година до
декември 2023 година, кои се изработени и објавени согласно тогашните
важечки подзаконски акти за платежна статистика.
Информација за плаќањата во Република Северна Македонија
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација
- Информација
- Презентација