Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
Заштитено внатрешно пријавување се врши во Народната банка ако има разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес од страна на вработен во Народната банка или член на Советот на Народната банка.
Во својство на укажувач може да се јави лице кое:
- има засновано работен однос на неопределено или определено време во Народната банка;
- е кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во Народната банка;
- е или било волонтер или практикант во Народната банка;
- по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа во Народната банка;
- по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со Народната банка;
- користи или користело услуги на Народната банка.
Пред да испратите пријава, запознајте се со Политиката за приватност и Упатството за заштитено внатрешно пријавување
Билјана Христовска-Радосављевиќ
Помошник главен одговорен правник за усогласеност во Канцеларија за стратегија и превенција
Телефон за контакт: 02 3108 136
Поштенска адреса за контакт за прием на пријави:
Народна банка на Република Северна Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Електронска пошта за прием на пријави: [email protected]
За заштита на личните податоци во пријавата испратена по електронска пошта, користете го следниот Дигитален сертификат за размена на енкриптирани пораки
според Упатството за инсталација на софтвер за комуникација со шифрирани пораки – „GPG4win“