Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

 
РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА И ИНФЛАЦИЈАТА“ОРГАНИЗИРАНА ОД НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ

НА М-Р ПЕТАР ГОШЕВ, ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

Скопје, 24.04.2008 година, Хотел „Александар палас“

 

 

Почитувани,

 

 

Најтопло ве поздравувам и најискрено ви благодарам што прифативте да учествувате во денешнава работилница. Како и на претходните работилници и овојпат се определивме за актуелна тема. Денешнава, буквално ги засега и ги интригира сите: обичните луѓе (јас мислам најмногу нив), производителите, експертите и креаторите на економските политики.

 

Загриженоста е повеќе од разбирлива. Ретко кој не почувствувал последици од феноменот инфлација. Ако, пак, таа главно е предизвикана од порастот на цените на храната и енергијата, особено поради првото, фрустрациите стануваат уште поголеми. Имено, наспроти високите благодети што ги обезбеди модерната цивилизација, од 6,6 милијарди луѓе на Земјината топка, најмалку едната половина сî уште има проблеми со задоволување на основните егзистенцијални потреби. Според Светската банка, околу 3 милијарди луѓе живеат во рурални средини, од кои 3/4 се меѓу најсиромашните луѓе во светот. Ако на тоа се додадат и сиромасите од урбаните населби, за кои проблемот со зголемените цени на исхраната е најтежок, тогаш вистина светот, особено најразвиените земји и земјите во развој, се соочува со тешки предизвици. Бројките се нагласено предупредувачки. Еден од индексите на ММФ, со кој се мерат цените на берзанските стоки за исхрана, од 1999 до 2007 година е зголемен за 85%, пресметано во долари. Индексот на цените на храната на угледниот „Економист“ („The Economist“) денес е повисок од кога било, од денот на неговото создавање во 1845 година. Дури и во реални бројки, цените на храната, според овој индекс, од 2005 до почетокот на 2008 година се зголемени за 75%.

 

Во нашава Информација, подготвена за потребите на оваа Работилница, може да се прочита дека цените на храната во светот, во јануари оваа година, во споредба со истиот месец од минатата година, се зголемиле за 33%, а на енергијата, којашто е важен фактор и во производството на храна, за 65% (Светски економски преглед - World Economic Outlook). Болните сеќавања на кризите од минатото, сликите за денешните милиони изгладнети луѓе во светот и овие импозантни бројки на раст на цените на храната и енергијата во последниов период, веројатно се инспирација за повеќето драматични наслови коишто се појавија во дневните весници и стручните списанија во светот, како на пример:

 

„Храната и привидението на Малтус“ (Фајненшал тајмс, 27.02.2008 година); „Заборавете ги кредитите и нафтата, следната криза ќе биде храната“; „Крајот на евтина храна“ (Економист, декември 2007 година).

 

Како исклучително отворена економија и, за жал, со висок степен на увоз, посебно во некои сектори (екстремно зависна од увоз на енергија, за жал и значително зависна и во секторот на исхрана), Македонија, со оваа економска структура, и со малиот габарит, во основа е „апсорбер“ на светските шокови. Затоа, светскиот пораст на цените на храната и енергијата неизбежно се вградува во нашите индекси на цени и трошоци на живот. Врз разликите во динамиката на движењето на цените, се разбира, влијаат и други фактори, коишто се разликуваат од земја до земја. Во Македонија, трошоците на живот на годишно ниво, март 2008 / март 2007, се поголеми за 10,2%, при пораст на трошоците за исхрана од 20,6%, со што порастот на цените на храната учествува со 78% во одредувањето на годишната инфлација во месец март.

 

Веројатно поради ваквите случаи, покрај термините инфлација, дефлација, стагфлација, во светот е лансиран уште еден - агфлација, директно посочувајќи го растот на цените на храната како доминантен во определувањето на општиот индекс на цените, односно трошоците за живот. Оваа доминација на влијанието на цените на храната врз вкупниот индекс на трошоците на живот произлегува од тоа што пондерот на храната во македонскиот индекс на трошоци на живот, поради ниските приходи на домаќинствата, изнесува високи 38,2%. За потсетување, да кажеме дека тој во земјите во развој просечно се движи околу 30%, додека во развиените земји од 10 - 15%. Оттука, во значителна мера произлегуваат и најновите разлики во движењето на инфлацијата, споредувано земја по земја.

 

Бидејќи нашите анализи говорат дека во последните години инфлацијата во Македонија е под силно влијание на цените на храната, јасно се наметнува значењето на движењата и состојбите во аграрниот и во прехранбено-преработувачкиот сектор и за Централната банка, односно и за монетарната политика. Значи, токму ова е и директната и индиректната причина за поставувањето ваква тематика на дневен ред од страна на Централната банка.

 

Непотребно е да се каже дека сите сакаме, кога непријатностите веќе се случиле, барем побрзо да бидат отстранети. Но, за да се случи тоа, секогаш се нужни одговори на повеќе прашања. Во конкретниов случај барем на следниве:

 

Кои се причините за последните зголемувања на цените на храната?; Дали станува збор за еднократни фактори или пак станува збор за структурни поместувања коишто ќе имаат влијание на подолг рок?; Каков одговор треба да имаат економските политики, затоа што се работи за прашања коишто можат да ги зголемат општествените и политичките тензии, да влијаат врз правците на политичките и општествените концепти?; Кој губи, а кој добива во овие релативни поместувања на цените?; Што може да се стори за одржување на макроекономската стабилност и за ублажување или минимизирање на последиците врз сиромашните луѓе, на краток и подолг рок?

 

Верувам дека денешнава Трибина ќе даде свој прилог во тој правец, поаѓајќи од квалитетот на сите денешни учесници. Како поттик на така целесообразената расправа, јас накусо би се задржал на дел од можните одговори.

 

I.                     Дефинитивно е јасно дека причините за порастот на цените на храната лежат и на страната на понудата и на страната на побарувачката.

1)       Земјите со низок доход повеќе години бележат силен раст. Се случи рапиден раст на доходот по глава на жител, со истовремен силен процес на урбанизација, во т.н. растечки економии. Двата фактори, растот на доходот по жител и урбанизацијата, предизвикаа зголемување на побарувачката за повисококалорична храна, особено на месото, млекото и јајцата. Според ФАО (FAO), помеѓу 1962 и 2003 година, потрошувачката на месо по жител во земјите во развој се зголемила за трипати, додека пак потрошувачката на житарки се зголемила само за 20% по жител. Но, ефектот на побарувачката на зрнестата храна е зголемен бидејќи производството на жив добиток стана повеќе од кога било, да речам, „зрнесто - интензивен“, делумно и како одговор на поранешното долго намалување или ниско одржување на цените на зрнестата храна. Анализите говорат дека потрошувачката на месо се зголемува соодветно на растот на БДП, но и дека за производство на еден килограм говедско месо се потребни осум килограми жито. Веројатно затоа, денес, фармерите во светот трошат 200-250 милиони тони жито повеќе за одгледување на жив добиток, одошто пред, на пример, 20 години. А само Кина, од т.н. растечки економии, којашто брои 1/5 од светската популација, проголтува 1/2 од светското производство на свињи, а во споредба со 1999 година увозот на соино зрно го зголемила за  триесет и петпати (Економист - The Economist). Или, кинескиот потрошувач, кој во 1985 година јадел по дваесет килограми месо, оваа година ќе проголта над педесет килограми. Овде не ја споменувам Индија и други растечки економии.

2)       Последните години забрзано се зголемува побарувачката на биогорива, повлечена од растечките цени на фосилната енергија. Некои држави, особено американската, издвојуваат значајни субвенции за производство на биогорива. Овој супститутивен ефект ги зголеми цените на земјоделските култури што се користат за биогорива, какви што се пченката, шеќерот, сојата, маслиновите палми. Ова повлече и пораст на цените на блиските супститути на овие производи.

3)       Значително се зголемија трошоците за производство на повеќето земјоделски артикли. На пример, важен инпут во ѓубривото, кој зафаќа околу 1/3 од оперативните трошоци за производство на некои жита, е природниот гас. Се зголемија и трошоците за семиња.

4)       Зголемените цени на горивата ги зголемија транспортните трошоци. Но, имајќи ја предвид ниската вредност по единица артикл, кога се работи за храната, овој т.н. second -round effect, врши далеку позначаен удар врз цените на храната одошто врз мнозинството други индустриски стоки, на пример, железото, никелот, јагленот итн.

5)       Понудата, освен поради структурните промени коишто се вршат внатре во неа под влијание на барањето одговори за поскапата и нечистата енергија, беше погодена и од исклучителните климатски услови. Четири од петте најголеми извозници на пченица искусија намалување на производството поради лошите услови за одгледување во 2007 година.

 

II.                    Следното клучно прашање е: Ќе продолжи ли трендот на пораст на цените на храната? Ќе одговори ли понудата на овој предизвик, враќајќи го претходниот или воспоставувајќи нов еквилибриум, но на повисоко ниво и за колку време?

 

Одговорот на овие прашања не е едноставен. Од една страна постојат поранешни одговори на вакви ситуации, но, истовремено постојат и очигледни факти коишто сериозно предупредуваат. Врз основа на старите искуства, по определено време, може да се верува дека пазарниот дисеквилибриум ќе биде отстранет. Понудата ќе одговори. Цените ќе се смират. Врз основа на тоа, почитуваниот Томас Малтус повторно ќе биде демантиран.

 

Но, аналитичарите укажуваат на значајни ризици.

 

1)       Растечкиот доход по жител и јакнењето на побарувачката за алтернативни извори на гориво ќе го продолжат нагорниот притисок врз цените на храната. Тековните прогнози сугерираат дека растот во поголемите растечки економии (Кина, Индија и др.) ќе продолжи. Бројни политички лидери изјавуваат дека ги поддржуваат и дека ќе ги поттикнат политиките на алтернативни извори на енергијата, во тие рамки и на биоенергијата. И Клинтон и Обама изјавија дека ќе ги продолжат субвенциите за земјоделските артикли потребни како суровина за биогорива.

2)       Климатските промени коишто ја деградираат околината, урбанизацијата којашто ги намалува површините за одгледување земјоделски култури и намалувањето на бројот на фармерите, се чини, исто така, се закана врз понудата како одговор кон иднината.

3)       Додека стигне соодветниот одговор од понудата поради општествените тензии, можат да настанат значителни општествени и економски трошоци и одговори од страна на политиката коишто наместо да ја подобрат, може да ја влошат состојбата.

 

III.                  Има ли и нешто добро во најновото зголемување на цените на храната и значителното подобрување на позицијата на земјоделието во интерсекторската размена? Може ли тоа да доведе и до намалување на сиромаштијата и до врамнотежување на понудата и побарувачката на подолг рок, со позитивни ефекти врз макроекономската стабилност? Мојот одговор е - може.

 

1)       Високиот раст на цените на храната е нешто како меч со две острици. Од една страна, од трите милијарди луѓе кои живеат на село, трите четвртини се лавовскиот дел од вкупниот број луѓе од категоријата сиромашни луѓе во светот, и ним логично е да им се  поправи положбата, преку релативниот раст на цените на земјоделските производи. Останува најтежок проблемот со сиромашните во урбаните средини, за кои треба посебни политики.

2)       Повисоките цени на земјоделските производи и на преработената храна ќе ги зголеми инвестициите во земјоделието, зашто очигледно е дека ниските цени одржувани со децении и сî помалиот број на фармери не се услови за зголемување на понудата.

3)       Овој раст на цените на храната е поттик за позитивен одговор од страна на политиката. Конечно, да му обрне повеќе внимание на овој сектор, и во разгалениот запад и во сиромашниот, потценет свет на земјите во развој. Нагласувам позитивен, зашто растот на цените на храната може да предизвика и лоши одговори на политиката во светот. Според тоа, разумно е да се очекува, врз основа на старите лекции:

 

§          наместо блокирање, да се деблокираат преговорите на ДОХА за прашањата од земјоделската агенда.

§          наместо одржување и зголемување на субвенциите во земјоделието, со релативниот скок на цените на земјоделските производи, да се добие можност за намалување на субвенциите и истовремено зголемување на инвестициите во земјоделието.

§          наместо политики на субвенционирање на производителите, да се субвенционира доходот на сиромашните домаќинства.

§          наместо забрана за извоз на определени производи, со што за жал одговорија некои држави, треба да се одговори со прекин на забраната и на другите трговски пречки.

 

Во оваа насока заслужува поддршка поттикнувањето на „нов договор за глобалната политика на храна“, што е направено на неодамнешниот пролетен состанок на ММФ и Светската банка, чија основна цел е долгорочно зголемување на земјоделското производство со посебна поддршка на земјоделските политики во посиромашните земји.

 

 

IV.                 Во Македонија зголемувањето на цените на храната е меѓу највисоките. Во март оваа година, како што веќе спомнав, на годишно ниво, цените се повисоки за 20,6%. Во рамките на овој агрегатен индекс за храната, цените на производите од жито се зголемени за 26%, на свежиот и преработениот зеленчук за 37,7%, на свежото и преработеното овошје за 29,8%, на свежото и преработеното млеко за 20,6% на маснотиите за 49,9%. Што покажуваат овие индекси на пораст?

 

1)       во инфлацијата од 10,2% во месец март, да потенцирам уште еднаш, храната учествува со 7,88 процентни поени, или со 77%. Значи, и за Македонија во овој период може да кажеме дека е употреблив терминот агфлација.

2)       забележуваме дека висок раст бележат и производи коишто се од домашно производство и на кои Македонија е нето-извозник, како и производи коишто Македонија целосно ги увезува, или пак, во помал или поголем обем е нето-увозник.

 

Ваквата состојба наведува на следниот заклучок. Зголемениот раст на цените на храната во Република Македонија е резултат на:

 

§          зголемените цени на главните фактори за земјоделско производство и храна (цените на енергијата, цените на увозната добиточна храна, на вештачките ѓубрива, заштитните препарати итн.)

§          порастот на цените на производите коишто се увезуваат како готови или за натамашна доработка.

§          се чини, на неодминливото забрзување на процесот на конвергенција на цените на домашните цени на храната со оние на странските пазари.

§          зголемениот извоз на нашите земјоделски и прехранбени производи.

§          лошите климатски услови за земјоделието во минатата година, карактеристика за многу региони во светот.             

 

V.  Анализата на страната на понудата и на страната на побарувачката побарувачката, низ призмата на надворешнотрговската размена, како и преку некои физички индикатори, ни нуди мошне негативни сознанија за земјоделското производство и вкупниот сектор на исхрана на Република Македонија за последниве две-три децении. Имено, некои од прибраните податоци велат:

 

1)       Од 1998 година до 2007 година, Македонија има непрекинат дефицит на прехранбени производи во размената со светот, просечно, годишно, по 174,6 милиони евра (без тутунот и пијалаците). Во 2007 година, дефицитот изнесува 221,5 милиони евра, или за изминатите 10 години, вкупниот дефицит изнесува 1.745,7 милиони евра. Бидејќи вкупниот трговски дефицит во изминатата декада изнесува 8.680,4 милиони евра, на дефицитот на земјоделските производи отпаѓаат високи 20,1%.

2)       Учеството на увозот во вкупната потрошувачка на прехрамбени производи од 1998-2006 година постојано се зголемува, односно од 19,5% (1998) на 29,2% (2006). Зголемувањето на увозната компонента во вкупната потрошувачка се забележува и кај одделни земјоделски производи, на пример, месото, млекото, и сл.

3)       Некои поединечни показатели говорат:

 

·          производството на месо во 1998 година изнесувало околу 26.000 тони, во 2006 година околу 28.000 тони. Извозот во 2006 година бил 3.052 тони, додека увозот изнесувал над 48.300 тони. Увозот учествува со 66% во вкупната потрошувачка на месо.  Во сите 10 години наназад, увозот на месо учествува со над 60%.

·          Во вкупната домашна потрошувачка на млеко, увезениот дел учествува со 4,3%.

·          во вкупната домашна потрошувачка на градинарски производи, увозната компонента (односно увезените количини) изнесува 2,4%.

·          во вкупната годишна домашна потрошувачка на шеќер увозот учествува со 82,7% (2006 година), наспроти 58,5% (1998 година).

·          индексот на земјоделското производство, којшто од 1960 до 1981 година бележи удвојување, од 1981 до 2007 година бележи целосна стагнација (26 години, со видни осцилации, останува на истото ниво).

·          обработливата површина од 1981 до 2006 година се намалува за 16,6% (од 644.000 хектари, на 537.000 хектари).

 

Од сите овие квантитативни искази може да извлечеме неколку заклучоци:

 

·          Домашното земјоделско производство стагнира, наспроти домашните растечки потреби.

·          Дефицитот на аграрни и индустриско-прехранбени производи во размената со светот се зголемува (и вкупно и особено кај важни прехранбени производи).

·          Површините за садење на земјоделски култури постојано се намалуваат. Што значи тоа, не треба да се коментира.

·          Зависноста од храна од остатокот од светот се зголемува, со тоа светскиот пазар с¢ повеќе ќе ги диктира нашите домашни цени и без вонтрговските видови поврзаности со светот и посебно со одделни негови региони.

·          Неразумно се пропуштало искористувањето на еден важен и компаративен сектор за поголем доход по глава на жител, и за помали вкупни трговски дефицити со остатокот од светот.

·          Некои производи влијаат негативно на трговскиот биланс поради квантитативно зголемениот увоз во вкупната потрошувачка, други увозни производи само поради зголемените светски цени.

 

VI. Резимирајќи, на крајот од овој вовед во денешнава Работилница би го рекол следното:

 

1.        Поверојатно е и поумно е да се очекува дека цените на храната во светот, според тоа и кај нас, нема да се намалуваат и дека треба да сме подготвени за таквата состојба.

2.        Најдобриот одговор на ваквите шокови од страната на понудата е конкретен план за зголемување на понудата на земјоделски и индустриски прехранбени производи од домашно производство. Зголемените инвестиции во овој сектор и ригорозните мерки за спречување на натамошната деградација на обработливото земјиште се единствениот одговор. Климата за инвестиции во овој сектор, по децениските запоставувања, е одлична. Профитната стапка се зголемува, со значителното покачување на цените на храната, коешто најверојатно не е од краткорочна природа, а зголемувањето на побарувачката во светот, сите прогнози велат, ќе продолжи.

3.        Мнозинството централни банки во светот, иако и за мнозинството од нив ценовниот шок е надворешен и доаѓа од страната на понудата, реагираа со затегнување на монетарната политика. Така реагира и ќе реагира и Народната банка на Република Македонија, без оглед на некои мислења дека наводно "тука нема што да се прави“. Се разбира, одговорот на другите политики е пожелен и би бил поефикасен , свесни дека треба време за какви било резултати од мерките насочени кон подобрување на понудата.

 

 

Почитувани,

 

Дефинитивно, имаме проблем. Од нашите одговори зависи дали ќе се намалува, за колку време, или пак ќе се зголемува. Од оваа Трибина очекуваме поттик во позитивна насока бидејќи поканивме дел од компетентните луѓе во нашава држава кои без сомнение имаат што да препорачаат.

 

 

 

Благодарам!

 

 

Почетна За Народната банка Конференции Работилница: Цените на храната и инфлацијата Обраќање на гувернерот
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
    • Конференција на високо ниво
    • Деветта меѓународна истражувачка конференција
    • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
    • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
    • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
    • Осма меѓународна истражувачка конференција
    • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
    • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
    • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
    • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
    • Седма меѓународна истражувачка конференција
    • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
    • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
    • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
    • Шеста меѓународна истражувачка конференција
    • Петта меѓународна истражувачка конференција
    • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
    • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
    • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
    • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
    • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
    • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
    • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
    • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
    • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
    • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
    • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
    • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
    • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
    • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
    • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад