Автор: Фатмир Бесими
Улогата на стабилноста на девизниот курс во мала и отворена економија: случајот на Република Македонија
РЕЗИМЕ
Целта на овој работен материjал е да ја презентира улогата на стабилноста на девизниот курс во мала и отворена економија, при што е анализиран случајот на Република Македонија. Исто така, акцент се става на улогата на очекувањата на економските агенти за идните движења на девизниот курс, каде што шпекулативните последици може да бидат многу скапи за домашната економија како резултат на повисоките каматни стапки и поголема варијабиност на истите во услови на фиксен девизен курс. Од друга страна, либерализацијата на капиталната сметка го актуализира прашањето на флексибилноста на девизниот курс и автономноста на монетарната политика, односно т.н. невозможниот триаголник. Притоа, во услови на висок степен на валутна супституција и изразен трансмисионен ефект на девизниот курс врз цените не се препорачува флексибилност на девизниот курс. Евентуалниот премин кон пофлексибилен девизен курс мора да биде многу претпазлив и во тесни маргини со оглед на импликациите кои може да настанат врз стопанството и финансискиот ситем. Искуствата на земјите во транзиција, исто така, покажуваат дека без оглед за која монетарна стратегија или официјалниот девизен режим станува збор, земјите во транзиција истовремено се грижат и за стабилноста на девизниот курс.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}