Гувернерката на Народната банка на Република Македонија учествуваше на научна конференција со наслов: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“, којашто се одржа на 4 и 5 октомври во Охрид, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, а поддржана од Владата на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија. На Конференцијата беа презентирани повеќе трудови од страна на претставници од научната сфера и од носителите на политиките, како платформа за идентификување на предизвиците за растот во следниот период и дефинирање на приоритети во однос на клучните реформи и политики за постигнување повисок и одржлив раст. Свое излагање на научната конференција имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, која се осврна на темата: „Координација на монетарната и фискалната политика во Македонија“.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}