достапно само на англиски јазик
Автори: Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков
Каналот на монетарната политика преку преземање ризик во Македонија: според податоци од Кредитниот регистар 
достапно само на англиски јазик
Овој работен материјал има за цел емпириски да го истражи функционирањето на трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици. Особен придонес на трудот е тоа што претставува прв обид економетриски да се оцени овој канал со користење на микроекономски податоци за кредитирањето на корпоративниот сектор, добиени од Кредитниот регистар на НБРМ. Добиените резултати покажуваат дека постои инверзна врска помеѓу каматната стапка на НБРМ и категоријата на ризик што банките ex ante ја доделуваат на секој поединечен новоодобрен кредит, што укажува на присуство на каналот на преземање ризици при спроведувањето на монетарната политика. Сепак, и покрај статистичката значајност, економската значајност на овој нововоспоставен канал е релативно мала, што е во линија со наодите од истражувањата за другите земји каде исто така е утврдено постоење на овој канал. Исто така, истражено е и прашањето дали ефектот од каматната стапка врз преземањето ризици од страна на банките зависи од нивното ниво на капитализираност, при што утврдено е дека помалку капитализираните банки преземаат поголеми ризици во услови на олеснување на монетарната политика, иако разликата во однос на преземањето ризици од страна на повеќе капитализираните банки е минимална.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}