Автор: Весна Стојчевска
Структурна анализа на странските директни инвестиции во земјите од Централна и Југоисточна Европа ‒ должничка наспроти недолжничка компонента 
Оваа анализа претставува краток осврт на структурата и динамиката на странските директни инвестиции (СДИ) во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како и балтичките земји, гледано од аспект на недолжничката, наспроти должничката компонента. Според анализата, заедничка карактеристика за сите три региони е високото учество на директните инвестиции во форма на акционерски капитал, но разлики постојат во релативното значење на останатите компоненти на СДИ (реинвестираната добивка и должничката компонента). Анализата на структурата и трендовите на СДИ во македонската економија покажува дека структурата на директните инвестиции не отстапува од просекот за регионот на Југоисточна Европа, иако има малку поизразено зголемување на учеството на меѓукомпаниското задолжување како форма на странски инвестиции во економијата. Доколку земјите од соседството, вклучително и Македонија, го следат циклусот на балтичките економии и економиите од Централна Европа, во иднина може да се очекува сѐ поголемо значење на реинвестираната добивка како извор на капитал за тековните и инвестициските потреби на компаниите во странска сопственост.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}