Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Обликување платежни иновации

Ваши екселенции, почитувана г-ѓа Ван Дијк, почитувани говорници,
дами и господа,

Секогаш ми претставува привилегија и задоволство да ви се обратам на нашата традиционална конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура. Настан, организиран во соработка со холандската централна банка, успешно партнерство коешто трае веќе петнаесет години. Затоа, оваа година одбележуваме важна годишнина. И не се сомневам дека славењето на оваа пригода, додека размислуваме за најсовремените иновации во плаќањата, ќе биде многу позапаметено во околината на исконската убавина на Охрид, град чија архитектура што го одзема здивот зборува за креативноста и иновациите на минатите цивилизации. Како што рекол холандскиот писател, пријател на градот Охрид: „Всушност, вреди да се оди од Париз на Балканот само за да се види Охрид. Каква прекрасна локација на тој стрмен рид! А градот, извонредна мешавина на обичаи и векови...“

Креативноста или користењето оригинални идеи за создавање нешто ново и иновациите коишто воведуваат нови работи се присутни во нашите општества повеќе од кога било. Тековниот брз бран на дигитализација има значителни ефекти врз многу сегменти од нашите животи. Тој ги трансформира јавните и приватните услуги, правејќи ги подостапни и поудобни за потрошувачите, придонесувајќи за поголема вклученост. Тоа значи подобрување на благосостојбата на економиите бидејќи финансиите, знаењето и податоците стануваат пошироко достапни. Технолошките иновации во финансиските услуги се особено брзи, при што платежната индустрија е во првите редови.

Тековните и идните трендови во иновациите во плаќањата и влијанијата врз централните банки ќе бидат централна точка во моето обраќање. Иновациите во плаќањата се потпираат на три главни столба (Светската банка, 2022 година). Првиот се однесува на промените на врските помеѓу плаќањата и сметките. На пример, долго време пристапот до платежните услуги беше зависен од пристапот до банкарска сметка. Таканаречениот припејд-концепт (електронски пари) ја прекина ексклузивната врска помеѓу плаќањата и банкарските сметки. Вториот столб се промените во начинот на кој се обработуваат плаќањата (платните системи) ‒ забележуваме ширење на брзите плаќања, технологии на дистрибуирани записи, кодови за брз одговор (QR), дигитални лични карти и слично. А третиот столб се однесува на промените во начинот на којшто потрошувачите комуницираат со плаќањата со сѐ поголемо собирање податоци за клиентите и алатки за анализа.

Иновациите кај овие три столба ги редефинираат деловните модели на давателите на плаќањата со далекусежни ефекти врз структурата на пазарот на плаќања. Тоа значи влез на небанкарски даватели на услуги, посилна конкуренција, намалување на трошоците и плаќања во реално време како нова „задолжителна“ карактеристика во платежните услуги. Се чини дека банките, како актуелни учесници на пазарот, исто така имаат корист од притисоците од конкуренцијата, модернизирање и усовршување на нивната платежна инфраструктура. Всушност, дигитализацијата на банкарството не е нова појава. Тука е повеќе од 30 години, иако овој последен бран е од невидени размери. Сепак, пазарот се трансформира, што е видливо и преку промената на изворите на приходи на банките. Според Извештајот за глобалните плаќања на Меккинси, приходите од плаќања на банките се намалуваат, бидејќи стандардизацијата, технологијата и регулаторниот притисок за отвореното банкарство овозможуваат нови учесници и притисоци врз профитните маргини.

Последица на ова модернизирање на плаќањата е промената од готовина, чекови и кредитни трансфери иницирани во хартиена форма во дигитални плаќања, особено бесконтактни и брзи плаќања чијашто вредност и обем достигнаа историски највисоки нивоа. Според статистиката на Црвената книга, во последната деценија просечниот годишен број на дигитални плаќања по лице се зголемил од 179 (во 2012 година) на 332 (во 2021 година).  На сличен начин, глобалната база на податоци Финдекс на Светската банка посочува дека процентот на возрасни кои извршиле или примиле дигитални плаќања се зголемил од 44% во 2014 година на 64% во 2021 година. Овие трендови се видливи во македонската економија бидејќи дигиталните плаќања по лице се зголемени за повеќе од трипати во последните седум години. 

Покрај поудобни, поевтини и побрзи платежни услуги, дигитализацијата е погодна за зголемување на финансиската вклученост. Во 2021 година во споредба со пред една деценија, процентот на возрасни коишто имаат банкарска сметка се зголеми во глобални рамки од 51% на 76%. Во македонскиот случај, овој показател е поставен над светскиот просек од 85%, наспроти 74% пред десет години.  

Очигледно има брзи и длабоки промени во финансиската индустрија коишто неизбежно влијаат врз централните банки на многу начини. Од една страна, ние управуваме со платните системи, ги регулираме и ги надгледуваме, бидејќи се значајни за севкупната финансиска стабилност, трансмисијата на монетарната политика, како и за довербата во валутата. Бидејќи иновациите во финансиите не носат само придобивки, туку и ризици, централните банки мора да ги држат ризиците под контрола за да не ја нарушат финансиската отпорност и традиционалните мандати на централните банки. Од друга страна, мораме да држиме чекор, да ги поттикнеме и да ги поддржуваме финансиските иновации.

Значи, како се справува централнобанкарската заедница со новиот и иновативен екосистем за плаќања? Според Анкетата за одредниците на финтек-секторот во централното банкарство (2023 г.), над 80% од централните банки ги посочиле иновациите во плаќањата и дигиталните валути на централните банки (ЦБДЦ) како врвни истражувачки приоритети. Околу две третини од централните банки создадоа порти за иновации, иако повеќе во напредните отколку во економиите во развој, а половината од централните банки користат технологии за машинско учење или вештачка интелигенција. 

Интензивно се одвиваат регулативни и законски измени. Според Анкетата за финтек-секторот на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, 73% од анкетираните јурисдикции ги разгледуваат и ги менуваат своите рамки на политики со цел да ги поттикнат финтек-инвестициите, иновациите и усвојувањето. Се менува и надзорниот и супервизорскиот профил на централните банки. Со оглед на тоа што мораме да вршиме надзор над небанкарските платежни институции, работиме со субјекти со различни профили на ризик и ставаме поголем акцент на прашања како што се транспарентноста, формирањето на цените, однесувањето на пазарот, заштитата на потрошувачите. Процутот на новите технологии бара зголемено внимание за кибербезбедноста. Општо земено, промените во финансискиот пејзаж бараат регулаторно, организациско и оперативно редизајнирање на периметарот на централните банки. 

Еден од најексплицитните одговори на централните банки на дигитализираното и модерно прифаќање во платежната индустрија е идејата за воведување ЦБДЦ. Во моментов, примарните пари за малопродажба се достапни само во физичка форма ‒ готовина, но брзата дигитализација ги нагласува ризиците од намалената употреба на готовината и нејзината улога како монетарно сидро. За да се осигуриме дека паричната маса останува во рацете на централните банки, ЦБДЦ сѐ повеќе добиваат на значење, особено ЦБДЦ за малопродажба. Според најновите податоци, 114 земји, коишто претставуваат над 95 проценти од глобалниот БДП, истражуваат за ЦБДЦ. Пред три години, само 35 земји размислуваа за ЦБДЦ. Единаесет земји имаат целосно воведено дигитална валута. Во земјите на Г20, осумнаесет земји сега се во напредна фаза на развој на ЦБДЦ. ЕЦБ планира да ја заврши фазата на истражување до крајот на оваа година.

Мотивите за издавање ЦБДЦ го надминуваат одржувањето на монетарниот суверенитет. Исто така, станува збор за зајакнување на преносот на монетарната политика во дигиталната ера, борба против незаконската употреба на парите, зајакнување на конкуренцијата за давателите на плаќања со електронски пари, подобрување на ефикасноста и безбедноста на плаќањата и промовирање на финансиската вклученост за граѓаните коишто не ги користат доволно банкарските услуги. Се разбира, тоа не доаѓа без ризик и предизвици. Најзначајниот ризик е ризикот од дезинтермедијација доколку со издавањето на дигиталната валута се добива прилив на депозити од деловните банки кон сметките на централните банки со негативни влијанија врз кредитната активност и следствено, реалната економија. Конкретно, во случај на нарушување на финансиските системи, тоа може да го зголеми ризикот и да ги засили шоковите. Потребата да се балансира помеѓу интегритетот и приватноста на парите исто така доаѓа до израз. Зголемениот ризик од дигиталниот простор е исто така неизбежен, со оглед на технологиите што се користат за дигиталните валути. Сето ова покажува дека централните банки имаат „работа со полно работно време“ во смислувањето на најсоодветниот дизајн на ЦБДЦ што ќе ги минимизира овие ризици и ќе ги максимизира придобивките.

Нашите национални напори повеќе или помалку личат на светските трендови и иницијативи. Како централна банка, се стремиме кон поттикнување на иновациите во финансиите, видливи преку воведувањето на нашата порта за иновации. Го мапираме екосистемот, преку финтек-анкети за подобро да ја разбереме неговата тековна состојба и да дејствуваме кон отстранување на пречките, а притоа да ги ставиме ризиците под контрола. Неодамна усвоената Финтек-стратегија обезбедува платформа за координирани и рационализирани напори од страна на сите заинтересирани страни во регулаторната област. Неодамнешната анкета на централното банкарство откри дека само 54% од анкетираните централни банки имаат стратегија што го нагласува нашиот визионерски пристап кон финтек-областа. Веќе создадовме стимулативни законски услови, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи којшто стапи на сила оваа година. Исто така, неодамна започнавме да ги разгледуваме можностите за воведување дигитален денар. Последно по ред, но не и по значење, поттикнувањето ефикасни и усогласени прекугранични плаќања е клучно за поддршка и стимулирање на прекуграничната интеграција. Ова е особено случај со малите економии, како што е нашата, со модел на раст заснован на меѓународна трговија и финансии. Нашите регионални напори да се усогласиме со европските стандарди, да ги исполниме барањата на СЕПА и да се интегрираме во системот за инстант плаќања Таргет (ТИПС) на Евросистемот е чекор во вистинската насока.

Гледајќи напред, секогаш е предизвик да се предвиди иднината, но голема е веројатноста дека финансиската трансформација и натаму ќе се одвива со ова темпо, па дури и побрзо. Пред неколку години, една студија означи десет начини коишто ќе ја обликуваат иднината на плаќањата, а некои од нив веќе и се одвиваат: издавањето дигитални валути, поактивната улога на регулаторите, синџирите на вредност за плаќањата засновани на податоци, консензусот за приватноста на податоците, биометриските лични карти и силната соработка помеѓу новите учесници и традиционалните играчи. Сега сите овие се веќе постоечки димензии на финансиската матрица. Би додала дека загриженоста за концептот на еколошко, социјално и корпоративно управување е клучна и за иднината на платежната индустрија. Во тој нов свет на финансии, единствениот начин да се минимизира ризикот од заостанување со работата е да се биде агилна и брзо приспособлива институција. 

На крајот, дозволете ми да заклучам дека светот на финансиите оди напред. Централните банки мора да бидат фокусирани на одржувањето на темпото, предвидувањето на и управувањето со ризиците, притоа поттикнувајќи иновативни решенија. Дозволете ми повторно да се осврнам на А. ден Дулард, кој еднаш рече: „Живеевме меѓу чуда, но никогаш не ги разбравме“. Сега, во светот на финансиите повеќе од кога било се соочуваме со нови чуда, иновации и новини, коишто треба да ги разбереме и за кои треба да бидеме подготвени и компетентни да ги поддржуваме и да ги заштитиме.

Ви благодарам!

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Говори Анита Ангеловска-Бежоска (2018-)
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад