По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“. На овој настан од страна на премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, беше потпишана „Декларацијата за посветеност на довербата во официјалната статистика“. На настанот се обратија премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, генералната директорка на Европскиот завод за статистика – Евростат, Мариана Коцева, претседателот на МАНУ, Таки Фити, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Никола Јанкуловски, министерот за финансии, Драган Тевдовски, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, деканот на Економскиот факултет – Скопје, Љубомир Дракулевски. На овој настан, свое излагање имаше и гувернерката на НБРМ, која се осврна на темата „Предизвиците за статистиката по глобалната криза низ призмата на централните банки“. Во своето обраќање, таа посочи дека Народната банка, како и останатите носители на статистиката во РМ, во изминатите години направи голем исчекор во унапредувањето на статистиката, давајќи битен придонес во одлучувањето засновано врз факти и зголемувањето на општествената благосостојба. На крајот, таа заклучи дека во динамичниот свет во кој живееме и промените коишто ги носи тој, клучен предизвик за статистичарите и натаму е држењето чекор со овие промени и изготвувањето кредибилни статистики, како јавно добро.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}