Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ќе ja организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена како: Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара „новата нормала“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ќе ja организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена како: Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара „новата нормала“. Новина оваа година е тоа што Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија ќе се организира во рамките на заеднички настан со Лондонската школа за економија, ЛСЕЕ ‒ Истражување за Југоисточна Европа и нивната конференција насловена како: Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа. Овој заеднички настан ќе се одржи во периодот 5‒7 април 2017 година во хотелот „Холидеј ин“, во Скопје.
Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, a оваа година е во знакот на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од овој настан. По повод овој јубилеј, на почетокот на Конференцијата ќе се одржи панел-дискусија посветена на процесот на транзицијата во регионот, на кој ќе учествуваат високи претставници од меѓународните финансиски организации, академските институции и централните банки. Во овие рамки, чест ни е да го најавиме учеството на г. Пол Томсен, директор на Одделот за Европа во ММФ и воедно, првиот шеф на мисијата на ММФ во Македонија, кој покрај учеството на панел-дискусијата, ќе одржи и воведно предавање.
Воедно, на Конференцијата ќе бидат презентирани истражувачки трудови на претставници од централните банки и академските институции од регионот и пошироко. Оваа конференција вообичаено ги спојува истражувачите од централните банки и академската заедница и обезбедува дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот. Оваа година, заедничкиот настан со ЛСЕЕ овозможува многу поширок опфат на теми од различни општествени сфери, како и присуство на поголем број на истражувачи од регионот и пошироко, со што се зголемува важноста на настанот.
Имаме чест и задоволство да Ве поканиме да го регистрирате овој значаен настан.
Кабинет на гувернерот
Програмата за Конференцијата:
Програма НБРМ
Програма ЛСЕЕ
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}