Во чест на 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, во соработка со Народниот музеј на Словенија, ќе биде домаќин на гостувачката изложба Златен прав на љубљанските уметници Билјана Унковска-Спанзел, Рудолф Спанзел и Доријан Спанзел. Оваа изложба ќе биде поставена во галеријаta на „НЛБ Банка АД Скопје“, а ќе биде отворена на 25 април (вторник) 2017 година, во 19 часот.
Таа претставува омаж на уметничкото творештво на тројца сликари со крајно засебни авторски белези, коишто ги карактеризира и една значајна феноменолошка пресечна точка: дизајнирање парични средства и користење парични средства како медиум за создавање уметнички дела. Соодветно е да се нагласи дека во рамките на одбележувањето на значајниот јубилеј од создавањето на македонската национална валута во самостојна Македонија, во периодот до 31 мај 2017 година, пошироката јавност ќе има посебна можност одблиску да се запознае со уметничкиот опус на Билјана Унковска, автор на тековното издание на македонски книжни пари. Оваа изложба, која словенечката јавност имаше можност да ја види минатата година, е уште една манифестација за традиционалните културни врски помеѓу двата пријателски народа.
Кабинет на Гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}