Од јули 2017 година Народната банка на Република Македонија ќе започне со објавување на нови детални прегледи за состојбата на вложувањата на резиденти во странски хартии од вредност
Народната банка на Република Македонија во континуитет работи на збогатување на сетот расположливи статистички податоци усогласени со меѓународните статистички стандарди кои се значајни за интерни аналитички цели, но и генерално за пошироката јавност. Согласно со најновите статистички барања во глобални рамки за објавување на подетални податоци за вложувањата на резиденти во странски хартии од вредност, почнувајќи од јули 2017 година Народната банка на Република Македонија ќе започне со објавување на нови детални прегледи за состојбата на вложувањата на резиденти во странски хартии од вредност.
Во новите прегледи, податоците за вложувањата во странски хартии од вредност, примарно се поделени на вложувања во сопственички капитал (кој вклучува: сопственички хартии од вредност и акции/удели во инвестициски фондови) и должнички хартии од вредност (одделно долгорочни и краткорочни), а потоа подетално поделени според земјата на издавачот на странската хартија од вредност, институционалниот сектор на домашниот инвеститор, како и по валута во која е издадена странската хартија од вредност. Овие податоци досега се прикажуваа само на агрегатно ниво, во рамки на извештајот за меѓународна инвестициска позиција, во ставката „Портфолио-инвестиции, средства“.
Со ова се прави уште еден исчекор во правец на зголемување на подробноста на податоците и информациите достапни за јавноста во линија на стратегиската определба на НБРМ за континуирано подобрување на комуникацијата со корисниците на статистичките податоци. Овие податоци, во согласност со календарот на објавување на податоци, во иднина ќе се објавуваат на редовна полугодишна основа.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}