Скопје, 5 јуни 2020 година
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, којашто заради околностите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19 се одржа телеконференциски. На средбата учествуваа гувернери и други претставници на централни банки од околу дваесет земји.
Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства помеѓу централните банки во врска со справувањето со предизвиците од корона-кризата. Искуствата покажуваат дека реакцијата на централните банки, во основа, е преку намалување на основната каматна стапка, ослободување ликвидност во банкарскиот систем преку различни монетарни инструменти и проширување на листата на хартии од вредност коишто се прифатливи за обезбедување дополнителна ликвидност на банките од страна на централните банки. Одделно беа посочени и активностите за обезбедување поповолни услови за отплата на банкарските кредити од страна на кредитокорисниците погодени од кризата и стимулирање натамошно поповолно кредитирање, особено на погодените сектори. Сите овие мерки се дел и од веќе преземените мерки на нашата централна банка. Тоа уште еднаш потврдува дека и во текот на актуелната корона-криза, Народната банка, во рамките на своите надлежности остварува максимален придонес за македонската економија.

Во текот на дискусијата беше укажано и на потребата од постепен пристап на централните банки при преземањето на мерките и оставање дополнителен простор, со оглед на присутната неизвесност во однос на времетраењето на кризата. Истовремено, беше посочено и на потребата од обезбедување поддршка од страна на централните банки и во периодот кога ќе започне процесот на закрепнување на економијата.
Гувернерите ја потврдија заложбата за водење политики коишто ги поддржуваат ценовната и финансиската стабилност, а дополнително, во рамките на просторот за делување на централните банки, го поддржуваат и економското заздравување во времетраење колку што е потребно за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.
Учеството на Ангеловска-Бежоска на средбата на Клубот на гувернерите е уште една потврда на определбата на Народната банка за активно учество во активностите на централнобанкарската заедница и во овој период, придонесувајќи во размената на искуства и на мислења за можностите за натамошен придонес на централнобанкарските институции во справувањето со корона-кризата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}