Скопје, 3 декември 2022 година
Народната банка соодветно реагира на притисоците коишто се пренесуваат од меѓународните пазари на примарните производи, односно основните прехранбени производи и енергентите, врз домашните цени и ја придвижуваат инфлацијата нагоре. Неизвесноста и понатаму е висока, оттаму Народната банка треба да продолжи со следењето на меѓународните и домашните движења и доколку е потребно, соодветно да реагира. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шијаочинг Ју и директорот на Светската банка за земјава, Масимилијано Паолучи.
На средбата се зборуваше за есенските макроекономски проекции на Народната банка, коишто го земаат предвид влошениот глобален амбиент, како резултат на натамошните геополитички тензии од воената инвазија на Русија врз Украина, пандемијата на ковид-19 и дополнителните притисоци врз цените на светските пазари на примарни производи. Во согласност со ова, во октомвриските проекции на Народната банка инфлацијата е ревидирана нагоре, во услови на нагорни корекции на оцените за увозните цени, односно на 14,3%. За следната година се очекува намалување на увозните цени, со што би се намалиле и притисоците врз домашната инфлација и во отсуство на поголеми притисоци од побарувачката, се очекува дека просечната стапка на инфлација ќе биде поумерена, односно 8% ‒ 9%. Очекувањата на среден рок се дека инфлацијата значително ќе забави, сведувајќи се на 2,4% во 2024 и ќе се врати на историскиот просек од 2% во 2025 година.
Гувернерката на Народната банка истакна дека ние сме во редот на централните банки коишто први реагирале на глобалните инфлациски движења, односно кон крајот на 2021 година, со повлекување ликвидност преку интервенции на девизниот пазар. Понатаму, неколкупати е покачена основната каматна стапка со вкупен ефект на раст од 3 процентни поени. Покрај ова, донесени се и повеќе мерки, како промените во задолжителната резерва заради повисока денаризација, како и поддршка на проекти за енергетска одржливост, но и воведување контрацикличен заштитен слој на капитал кај банките.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}