Препораки во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита
Скопје, 30 мај 2020 година
Препораки во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита
По известувањето дека сите банки се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштитата на јавното здравје, апелираме:
- При посетата на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседувале дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална и детска заштита ќе им биде достапна без потреба од посетување на филијалите и експозитурите на банките заради подигнување готовина.
- При посетата на филијалата/експозитурата да се извршат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, за да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.
- Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од вторник, 2 јуни 2020 година, ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.
- При посетата на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).
- Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица, пред и во објектите на банките.
- Да се почитуваат насоките за дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.
Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во три групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- во вторник, 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- во среда, 3 јуни – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- во четврток, 4 јуни – П Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи помала бројност на лицата пред филијалите и експозитурите на банките во корист на здравјето.
И при оваа исплата, Народната банка ќе биде во постојана комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на најсоодветен начин заради заштита на јавното здравје.
Веруваме дека како и при готовинските исплати по групи во изминатиот период, системскиот и координиран пристап, и при оваа исплата ќе ги даде очекуваните резултати.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}