ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии
Скопје, 26 јуни 2021 година
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – членка на Групацијата на Светската банка, на кој се разговараше за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем.
На состанокот, гувернерката истакна дека најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни, а дека кредитната поддршка за граѓаните и компаниите продолжува со солиден раст од околу 6%. Притоа, таа нагласи дека согласно со новиот среднорочен Стратегиски план на Народната банка, во сферата на финансискиот систем ќе се стави поголем акцент на поддршката на финансирањето на т.н. зелени проекти, кои ќе помогнат во процесот на трансформација на економијата. Во оваа насока, Народната банка неодамна спроведе и Анкета за да се процени во колкава мера банките финансираат зелени проекти и да се разгледаат можностите за натамошно поттикнување.
Регионалниот раководител на ИФЦ, Наим, истакна дека е од големо значење одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и дека ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на зелените финансии. Притоа истакна дека ИФЦ останува посветена на финансирањето проекти кои ќе го поддржат растот на македонската економија, вклучително и на зелените проекти, кои ќе овозможат и постепена трансформација на економијата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}