Препораки во врска со исплатата на мајските пензии
Скопје, 25 мај 2020 година
Препораки во врска со исплатата на мајските пензии
По известувањето дека сите банки се подготвени да ја извршат предвремената исплата на мајските пензии, апелираме:
- Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од среда ќе располагаат со својата мајска пензија, заради заштита на јавното здравје, да настојуваат да ги користат банкоматите секогаш кога имаат потреба од готовина. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на пензионерите коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински, односно со употреба на картичката.
- При посета на филијалите и експозитурите на банките, пензионерите коишто досега не поседувале дебитна картичка, да поднесат барање за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите за да подигнат готовина.
- Граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено во текот на готовинската исплата на пензиите, при посета на филијалите и експозитурите на банките, да им дадат предност на пензионерите коишто имаат потреба од банкарски услуги.
- При една посета на филијала/експозитура да се извршат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.
- При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за задолжително носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).
- Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.
Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на мајските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:
- во среда, 27 мај – пензии со висина до 11.000 денари;
- во четврток, 28 мај – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- во петок, 29 мај – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- во понеделник, 1 јуни – пензии во висина над 18.000 денари.
Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лицата во филијалите и експозитурите на банките значително да се намали, во корист на здравјето.
Како и при исплатата на априлските пензии, ние ќе бидеме во постојана комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата на мајските пензии да се остварат на најсоодветен начин за заштита на јавното здравје. Веруваме дека системскиот пристап којшто се воспостави при претходната исплата на пензиите, со заеднички заложби на банките и на сите институции вклучени во процесот, и овојпат ќе ги даде очекуваните резултати, заради заштита на јавното здравје.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}