Скопје, 25 ноември 2023 година
Во рамките на настанот за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД, беше организирана посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На средбата, се разговараше за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на поединецот. За поголем прогрес се потребни напори од страна на носителите на политиките, но значајна улога имаат и финансиските институции даватели на финансиски услуги.
Проектот финансиран од холандското Министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД има за цел да обезбеди поддршка на земјите од Конституенцата на ММФ и Светската банка, вклучително и на нашата држава, во напорите за зголемување на финансиската писменост којашто, според Анкетата спроведена од ОЕЦД, кај нас е слична како и во регионот на ЈИЕ, сепак позначително заостанува зад ЕУ.
„Финансиската едукација и инклузија е процес којшто бара вклучување на многу засегнати страни, за да се постигнат забележителни резултати. Нашата прва национална Стратегија за финансиска писменост, којашто беше донесена во 2021 година е добра основа за координиран пристап на јавните и приватните институции, како и невладиниот сектор. Од гледна точка на субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто можат да придонесат во оваа област, финансиската едукација станува дел од нивната општествена одговорност и важен аспект во градењето на нивниот углед“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска која присуствуваше на Годишната средба на проектот за финансиска едукација, на покана на министерката за финансии на Холандија и на ОЕЦД.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}