Скопје, 25 февруари, 2022 година
Денес се одржа виртуелна работна средба со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија, односно класови, за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на парите — еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Менторите и учениците беа запознаени со начинот и текот на одржување на Квизот и материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Воедно, беше спроведена и кратка вежба за учесниците на националниот натпревар.
На настанот присуствуваа и минатогодишните победници, кои ги споделија своите впечатоци од натпреварот.
Националниот натпревар, на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици што ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, ќе се одржи на 24 март 2022 година преку електронската платформа „Кахут“.
Нашата земја по четврти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација, кој има за цел да поттикне финансиската едукација на младите во Европа.
Квизот го организира Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.
Infographic EUROPEANMONEYQUIZ.EU
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}