Скопје, 25 јануари 2023
Народната банка на Република Северна Македонија, во декември 2022 година, спроведе Анкета за активностите за финансиска едукација во текот на изминатата година спроведени од страна на регулаторните институции, како и субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се вклучени во финансиската едукација.
Според резултатите од Анкетата, активностите за финансиска едукација во текот на минатата година се зголемени кај 77% од анкетираните даватели на финансиска едукација. Исто така, 19% од анкетираните субјекти се изјасниле дека планираат да ги зголемат своите активности за финансиска едукација на населението. Овие резултати упатуваат на зголемени напори на сите учесници во финансискиот систем, како и на граѓанските здруженија, за унапредување на финансиската писменост на населението, што е во прилог на успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Во однос на прашањето на кој начин ја обезбедуваат финансиската едукација на населението, најголемиот дел од анкетираните субјекти одговорија дека финансиската едукација ја остваруваат најчесто преку објавување едукативни текстови, материјали и видеозаписи на социјалните мрежи (27%) и на интернет (23%), како и преку одржување едукативни предавања со физичко присуство (23%). Помал дел од субјектите упатиле и на одржување онлајн предавања (15%), како и директна комуникација со клиенти (12%), што е покарактеристично за приватните финансиски субјекти. Ова покажува дека давателите на финансиска едукација се приспособуваат кон потребите и барањата на различни возрасни групи на населението и следствено користат и современи и класични канали на финансиска едукација, на тој начин обезбедувајќи нејзина поголема достапност.
За натамошно зголемување на финансиската инклузија, учесниците во најголем број се изјаснија дека е потребна поголема финансиска едукација на населението (46%), а потоа и обезбедување поголема транспарентност на финансиските субјекти (23%). Исто така, според анкетираните, за зајакнување на финансиската инклузија е потребна и заштита на потрошувачите (14%) и дигитализација и воведување финтек-услуги (13% од одговорите). Овие резултати се во согласност со веќе согледаните напори за зголемување на активностите за финансиска едукација во нашата земја. Воедно, Народната банка продолжува со активностите за заштита на потрошувачите, поголема транспарентност на давателите на финансиски услуги и дигитализација, според предвиденото во Стратегијата.
|
Зголемен обем на активности кај давателите на финансиска едукација 25.01.2023 |
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}