Рекордни 84 основни и средни училишта пријавени за Европскиот квиз на парите
Скопје, 24 февруари 2023
Денес Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, одржа виртуелен настан на кој пријавените ученици и нивните ментори беа запознаени со текот на овогодишниот национален и финален натпревар на Европскиот квиз на парите. Нашата земја по петти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. На работната средба менторите од 84 основни и средни училишта од нашата земја, најмногу досега, и нивните ученици од 177 класа беа запознаени со сите аспекти на натпреварот.
Претставниците од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност дадоа краток осврт на едукативните материјали, а беше спроведена и кратка вежба на електронската платформа „Кахут“, преку која ќе се одвива натпреварот.
Националниот натпревар ќе биде во два круга: во првиот кој ќе се одржи виртуелно и ќе се одберат најдобрите три тима, додека во вториот круг трите најдобри тима ќе се натпреваруваат во живо за титулата национални шампиони. Првиот круг ќе се одржи на 20 март, а финалниот круг на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале ќе се одржи на 24 март 2023 година.
Оваа година, по тригодишен прекин на дружбата на националните шампиони поради пандемијата, победничкиот тим, заедно со својот ментор, повторно ќе патува во Брисел, Белгија, на 15 и 16 мај 2023 година, каде што ќе ги тестира своите знаења со победниците од другите земји на големото европско финале.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}