Скопје, 21 ноември 2021
Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во време кога е потребно натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто предвидува голем број активности и координиран пристап. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската фондација за меѓународна соработка „Шпаркасе“, со која се означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија.
„Потребно е знаење за новите можности, свесност за дигиталните ризици (е-измама и ризици за кибербезбедноста, прекумерно задолжување), познавање на правата на потрошувачите и процедурите за компензација. Дигиталната финансиска инклузија станува еден од главните приоритети на глобално ниво. На пример, Глобалното партнерство за финансиска инклузија на Г-20, кон крајот на 2020 година, ја постави дигиталната финансиска инклузија како еден од главните приоритети во својот акциски план за финансиска инклузија“, посочи вицегувернерката Митреска.
Таа истакна дека на новите предизвици и потреби им одговараме стратешки, со координиран пристап, преку изработка и воведување на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Таа содржи голем број активности коишто би се спроведувале од страна на регулаторните тела, како и од приватниот сектор, а се очекува и придонес од страна на граѓанскиот сектор. Главните столбови во доменот на финансиската инклузија се заштитата на потрошувачите, пристапот до финансии за одделни целни групи и финансиските иновации. Од аспект на финансиската едукација, напорите се насочени кон градење основни познавања кај целните групи, координирани напори за едукација, изработка на едукативни материјали и вградување на добрите практики.
Презентација: Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}