Скопје, 21 август 2022
Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервјуто за „Слободен печат“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирање на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките.
„Голем број централни банки го започнаа нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, ова не се вообичаени услови во кои централните банки реагираат на прекумерната побарувачка што ја подгрева инфлацијата. Станува збор за појава на инфлација којашто во најголем дел ја поттикнуваат фактори на страна на понудата, и кои во комбинација со постпандемичното закрепнување на побарувачката, придонесуваат за значително забрзување на инфлацијата во глобални рамки. Овој ценовен шок трае подолго и е релативно силен, па оттаму се пренесува и на останатите цени и на инфлациските очекувања, што упатува на потреба од водење претпазливи домашни политики. Од друга страна, во моментов изгледите за раст се неизвесни и неповолни. Затоа и промените во каматната стапка се постепени, а циклусот на затегнување е поумерен и проследен и со други комплементарни мерки коишто треба да ги стабилизираат очекувањата и довербата, да делуваат на цените и на склоноста за располагање со домашна валута”, истакнува гувернерката.
Таа посочува дека покрај зголемувањето на каматната стапка, во два наврата се направени и промени во системот на задолжителната резерва со цел стимулирање на штедењето во денари, а исто така воведен е и контрацикличен заштитен слој на капиталот, со кој дополнително се јакне и капацитетот на банките за реакција на шокови.
„Треба да измине време за да се согледаат ефектите од овие мерки. Со оглед на постепеното и умерено нагорно придвижување, не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките, иако веќе кај одредени производи, пред сѐ депозитните, се забележуваат одредени нагорни корекции. Кај каматните стапки на кредитите засега нема позначајни поместувања“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}